Макс Ферстапен доминираше на саботната тренинг сесија за 2023 ГН Мајами, забележувајќи најбрзо време со релативно голема предност пред Чарлс Леклер, Серџо Перез и Карлос Саинц Јр..
Холанѓанецот останува фаворит за Пол позицијата, иако се уште може да има изненадувања. Мерцедес АМГ очекувано слаб пласман, но изненадувачки е пласманот надвор од најбрзите 10 на возачите на Астон Мартин.
Денешниот тренинг во Мајами помина без проблеми. Грипот на тркачката линија се подобри, но надвор од неа, асфалтот се уште е лизгав, па возачите се обидуваат да не грешат премногу.
Возачите најмногу работеа на црвените гуми, како подготовка за квалификациите, чиј почеток е закажан за 22:00 часот по македонско време. Најмеките, црвени, гуми брзо се трошат, па освен за поставување на најбрзиот круг, нема да ги гледаме премногу на неделната трка.
Ако во пресрет на оваа тренинг сесија, Ферстапен без никакви проблеми го подобри минатогодишниот рекорд на патеката, во вториот брз круг на вториот тренинг, денес овој рекорд падна веќе во првиот обид.
Потоа Макс се подобри уште повеќе, и никој не можеше да му парира, дури ни тимскиот колега, на кого му лежат градските патеки.
МАКС БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА ВО МАЈАМИ
5/06/2023 07:54:00 PM
0
Share to other apps