Ред Бул ја предупреди конкуренцијата дека нема лесно да бидат победени во борбата за пол позицијата во Монако, која е речиси еднаква со победа на трката.
Макс Ферстапен беше 73 илјадити делови од секундата побрз од својот тимски колега, Серџо Перез за 1-2 пласман на табелата.
Во текот на саботниот тренинг имавме неколку инциденти, при кои Фернандо Алонсо го изгуби брзиот круг, додека Луис Хамилтон сам си го уништи последниот брз круг во кој имаше виолетов прв сектор.
Денес патеката беше во полоша состојба од вчерашниот ден, бидејќи синоќа беше овозможена за сообраќај и за пешаци. Тимовите ја продолжија програмата започната на петочните тренинг сесии, фокусирајќи се на подготовките за квалификациите.
Тренингот мина без поголеми проблеми, но покажа колку е важно возачите да ја задржат концентрацијата во текот на целиот круг низ улицита на Монте Карло.
Болидот на Естебан Окон застана во тунелот поради проблеми со Рено ПЕ, но беше рестартиран, па Французинот продолжи да се движи и успеа да се врати во боксот.
Чарлс Леклер и Џорџ Расел ја допреа бариерата без последици врз нивните болиди.
Во 50-тата минута инженерот побара од Магнусен веднаш да застане на патеката поради проблеми со Ферари ПЕ. Кевин го запре болидот пред осмиот свиок, а за негово отстранување беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил.
Неколку минути подоцна беа развеани црвени знамиња, кога Луис Хамилтон удри во заштитната бариера покрај петтиот свиок, кршејќи ја предната амортизација, по што стјуардите решија дека сесијата нема да продолжи.
Како резултат на тоа, акцијата запре, со Макс Ферстапен на првото место на табелата, пред Перез и Ленс Строл, кој го имаше еден од неговите најдобри пласмани во која било сесија.
Карлос Саинц Јр. заврши четврти, а Чарлс Леклер само седми. Помеѓу нив се пласираа Ландо Норис и Пјер Гасли. Луис Хамилтон остана со осмото најбрзо време, пред Естебан Окон и Валтери Ботас кои го комплетираа Топ 10 пласманот.
Помеѓу нив не беше Фернандо Алонсо, но неговиот брз круг беше уништен кога Данецот го застана својот Хас на патеката. Шпанецот како што кажавме имаше виолетов прв сектор.
Саботниот тренинг најави интересни квалификации, 16:00 МК. Многу возачи најавија ризик до максимум, бидејќи ја гледаат оваа патека како единствена шанса да се победи Ред Бул, но реално гледано, Австријците повторно се први фаворити и на оваа патека каде моќноста на ПЕ не е од пресудно значење.
РЕД БУЛ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО КОНКУРЕНЦИЈАТА
5/27/2023 01:45:00 PM
0
Share to other apps