Вилијамс и нивниот спонзор Gulf објавија дека нивните фанови ќе имаат можност да изберат специјално еднократно обојување за болидите на тимот кое ќе ги содржи и боите на нафтената компанија за трките во Сингапур, Јапонија и Катар.
Понудени се четири варијанти кои на еден или друг начин ги користат традиционалните бои на Gulf, американска компанија за нафта и гас со историски блиски врски со светот на мотоспортот.
Секоја од четирите опции за дизајн има свое име: "Похрабро од храбро", "модерно", "визионерско" и "традиционално". Избраната опција од гановите ќе се одрази не само во боењето на болидите на Алекс Албон и Логан Сарџент на трите есенски трки од сезоната, туку и во дизајнот на тркачките комбинезони.
Гласањето ќе се одвива во три круга, од кои првиот почнува денеска, 26 Мај. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени во среда на 12 Јули, а ревијалниот болид на Вилијамс во овој дизајн ќе биде претставен на фестивалот на брзина во Гудвуд.
Мајк Џонс, извршен директор, Gulf Oil International: "Иконските бои на Gulf создадоа неверојатни обојувања низ историјата на мотоспортот, а оваа година нема да биде поинаква."
"Ние сме неверојатно горди што можеме да објавиме дека нашите бои ќе се движат со болидите на Вилијамс за Големите Награди на Сингапур, Јапонија и Катар во 2023 година."
"Со нетрпение очекуваме да видиме која опција ќе ја изберат фановите. Се надеваме дека фановите на Gulf и на Вилијамс подеднакво го сакаат ова гласање и ќе бидат возбудени за нивната улога во изборот на најновото обојување на Gulf."
Џејмс Воулс, тимски шеф на Вилијамс: "Победничкото обојување ќе прикаже два иконски мотоспорт брендови кои се здружуваат. Нашите фанови имаат можност да создадат историја на мотоспортот со нивната одлука, оживувајќи го ова партнерство."
ФАНОВИТЕ ЌЕ ГО ИЗБЕРАТ GULF "ДРЕСОТ" НА ВИЛИЈАМС
5/26/2023 05:32:00 PM
0
Share to other apps