Џорџ Расел се уште жали за грешката, излетувањето, што го чинеше пласман на победничкиот подиум и дополнителни 5 секунди казна од стјуардите за небезбедно приклучување назад на патеката.
Британецот имаше долг почетен стинт, кој беше дополнително продолжен во очекување на дождот, и влезе во бокс по интермедија гумите во вистинскиот момент, непосредно кога почна да врне.
Тоа му овозможи да прескокне голем број од возачите пред себе, вклучувајќи ги Естебан Окон и неговиот тимски колега од Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон.
Сепак, неговата супер стратегија беше уништена кога тој излета во Мирабо. Не само што загуби драгоцено време, при повторното приклучување, тој го стори тоа небезбедно, заработувајќи казна од пет секунди.
"Третото место беше во мои раце. Мојата грешка не беше прикажана на ТВ, бев далеку пред Луис и Окон. Директно преминав од белите на зелените гуми на Пирели, па излегов на 5-то место зад возачите на Ферари, кои беа на гуми за суво време, така што третото место беше во мои раце."
Џорџ Расел си замерува дека имал мало дефокусирање, а пад на концентрацијата во Монако значи големи проблеми. Во неговиот случај го изгуби победничкиот подиум.
"Имаше жолти знамиња во тој дел од патеката, ја испуштив гаста и само што ја допрев сопирачката тркалата блокираа и јас само продолжив напред кон маршалот со жолтите знамиња."
"Тоа ми беше лекција дека кога не си целосно фокусиран на возењето, тогаш се случуваат грешки. Навистина сум разочаран, бидејќи ако не беше таа грешка, трофејот за третото место сега ќе беше во мои раце."
ЏОРЏ РАСЕЛ ГО ИЗГУБИ ТРЕТОТО МЕСТО ВО МОНАКО
5/29/2023 11:45:00 AM
0
Share to other apps