Макс Ферстапен доминираше на 2023 Големата Награда на Монако од самиот старт, па се до финишот, забележувајќи ја неговата 39-та победа во Формула 1.
Холанѓанецот добро го поднесе притисокот од различните временски услови на патеката и го победи Фернандо Алонсо, кој немаше ни најмала можност за да се понадева на нешто повеќе.
Одлична трка на Естебан Окон, која кулминираше со негов пласман на победничкиот подиум. Како што напоменавме, овде во Монте Карло трка се добива во сабота, а дождот дојде премногу доцна за да ја направи поинтригантна.
Макс Верстапен беше сигурен од самиот почеток, додека Фернандо Алонсо не можеше да го следи неговиот ритам, што подоцна беше дополнето со монтирањето на гуми на суво, кога сите веќе преминуваат на зелените интермедија гуми.
Шпанецот мораше да направи уште еден пит-стоп веќе во следниот круг, кога Макс Ферстапен исто така застана во бокс за интермедија пневматиците на Пирели.
Во Астон Мартин објаснија дека ризикувале, бидејќи немало што да загубат, но која беше логиката никогаш нема да дознаеме. Барем тие имаат прецизни временски радари, а можеби и не?!?
На крајот, бранителот на титулата забележа нова победа и ја зголеми предноста во однос на Серџо Перез, за цели 25 поени, со што веќе има значителна предност во генералниот пласман кај возачите.
Фернандо Алонсо беше втор, а Естебан Окон по одличната трка од негова страна се најде на подиумот.
Возачите на Мерцедес АМГ го искористија дождот и "хаосот" во Ферари за да се прикрадат во топ 5, пред Чарлс Леклер, Пјер Гасли, Карлос Саинц Јр.
Возачите на Мекларен, Ландо Норис пред Оскар Пјастри, го заокружија пласманот кој носи поени на денешната трка.
МАКС ДОМИНАНТЕН ВО СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ
5/28/2023 02:27:00 PM
0
Share to other apps