Лео Турини, ветеранот на италијанското мотоспорт новинарство, не ги крие своите симпатии кон Ферари. Сепак, и на најголемите фанови, настапот на тимот во Мајами им остави депресивен впечаток.
"Овој настап на Ферари во Мајами е депресивен. Се колнам, се чувствував физички непријатно додека го гледав Чарлс Леклер како се бори со Кевин Магнусен во Хас во поголемиот дел од трката."
"Но, да продолжиме понатаму. Кога Карлос Саинц Јр. доби казна од пет секунди за брзо возење во боксот, мислев дека изразува незадоволство поради фактот што неговиот болид е премногу бавен."
"Сосема е очигледно дека надградбите, благо кажано, не функционираат. Во Флорида, Црвените беа четвртиот најбрз тим, далеку зад Астон Мартин и Мерцедес АМГ. Со оглед на очекувањата кои сите ги имавме во текот на зимата, резултатите изгледаат жалосно, болно."
"Мислам дека нема смисла да галамиме премногу, зборовите кои се многу груби може да се искажат на поблаг начин."
"Мене повеќе ме загрижува нешто друго, ако сте среде бура, тогаш барем треба да имате курс за да излезете. Но имам чувство дека компасот на Ферари е скршен!"
"Не очекувам Ферари да го победи Ред Бул. Знам дека тоа е невозможно, но бидете во чекор со Астон Мартин и Мерцедес АМГ."
"Што се однесува до Макс Ферстапен, тој е незапирлив. Им се извинувам на сите негови хејтери, но Макс припаѓа на истата група возачи како Сена, Шумахер и Хамилтон."
"П.С. Денеска се сеќавам на Жил. Кога беше со нас, не бев во депресија, бидејќи со него во тимот можев да сонувам."
Да се надоврземе на Лео Турини, кој требаше да ја спомене лошата форма на возачите, пред се на неговиот миленик Чарлс Леклер, кој успеа во два наврати да заврши во заштитните бариери покрај патеката, оштетувајќи го својот болид.
Едноставно, Моначанецот моментално е преголем штетник во тимот, забрзано трошејќи го буџетот на Ферари. Беше доведен да бележи големи резултати со Ферари, Карлос Саинц Јр. требаше да биде негов помошник.
Но Чарлс не може да се наметне ни во борбата со Шпанецот. На патеката е немоќен да го зслужи статусот прв возач! Не дека нема потенцијал, има брзина, но нема стабилност. Во важните моменти неговата концентрација попушта, а така не се станува шампион .
Шампионски возач треба да биде во можност да се поврзе со болид, да бидат еден огранизам, да ги чувствува неговите лимити, до каде се неговите можности. Засега Леклер прави толку многу грешки, кои се повеќе и повеќе го одвлекуваат кон просечноста, отколку шампионски материјал.
И да, тоа нема врска на кое ниво е болидот, Себастијан Ветел, Макс Ферстапен победуваа и со Торо Росо, уште тогаш докажувајќи дека имаат потенцијал. Леклер засега останува фален на зборови, и ништо друго, ама делата красат, извинувањата никој не го интересираат!
Макс Ферстапен забележа доминантна победа во Мајами откако стартуваше од деветтата позиција. Неговите перфоманси не останаа незабележани, па европските медиуми беа преполни со пофални написи за возачот на Ред Бул.
"Ја видовме огромната супериорност на Макс над Серџо Перез", пишува BBC Sport. "Тоа беше шампионски пробив, по што шансите на Перез за титулата станаа илузорни."
Германскиот Билд го спореди возачот на Ред Бул со херојот од серијалот филмови Mad Max: "Актуелниот шампион стартуваше само деветти, но беше незапирлив. Холанѓанецот загуби позиција на стартот, но потоа го вклучи турбо режимот Mad Max. Му беа потребни само 15 круга за да се искачи во топ 3. Ова беше олеснето не само од доминантната предност на болидот, туку и од возбудливата акција на патеката."
"Монструозна изведба", пишува италијанската Gazzetta dello Sport. Во Мајами, Макс Ферстапен ја освои својата 38-ма Ф1 победа и веројатно една од најдобритее, ако не и најдобрата во кариерата. Благодарение на ваквите настапи, фановите се сеќаваат на шампионите."
Шпанска Марка, оддавајќи му почит на Ферстапен, смета дека Перез сепак ќе има шанси оваа сезона: "Одличен настап на Макс, по кој води во шампионатот со предност од 14 бода. Сепак, Перез ќе има можности да се докажува."
ЛЕО ТУРИНИ: КОМПАСОТ НА ФЕРАРИ Е СКРШЕН
5/09/2023 12:50:00 PM
0
Share to other apps