По неколку години постигнување пристојни резултати и одржување на средината на табелите, АлфаТаури лошо ја започна ерата со новата 2022 генерација на Ф1 болиди.
Поради оваа причина, нивниот сопственик, компанијата Ред Бул, размислуваше дали вреди да се продолжи со проектот, имаше шпекулации за продажба, но на крајот решението за кое најверојатно се одлучија е да го сменат името на тимот од 2024 година и да го направат позависен од својот сестрински тим.
Во 2020 година, Торо Росо беше преименуван во АлфаТаури со цел да му даде поголема видливост на овој моден бренд. Сепак, лошите резултати во последните две сезони значеа дека ова не е најдобрата реклама и Ред Бул размислуваше за промена на насоката.
Како што напоменавме имаше многу опции во игра, од продажба, до преселба од Италија во Велика Британија, за крај, како што навести Хелмут Марко, е да се преименува тимот од 2024 година.
"Курсот е јасен: следете го Ред Бул онолку колку што дозволуваат прописите. Дизајнирањето на сопствен болид не е начин. Ќе има нови спонзори и ново име", коментираше Марко во интервју за австрискиот Kleine Zeitung.
"АлфаТаури се повеќе одеа по свој пат во последните сезони, дизајнирајќи повеќе делови сами отколку да ги набавуваат од Ред Бул. Очигледно, тоа е пред крај, бидејќи стариот начин на работа, добивање што е можно повеќе делови од Ред Бул, повторно ќе биде ставен во функција."
Не е премногу јасно што ќе биде со возачката постава, бидејќи Ник де Врис не вози според очекувањата, а Хелмут Марко веќе призна дека Кристијан Хорнер не згрешил кога рекол дека Холанѓанецот можеби не е најсоодветното потпишување.
Јуки Цунода покажа дека е способен да освои по некој поен во одредени моменти, но има неколку возачи, како Лиам Лосон, Ајуму Иваса, но пред се Даниел Рикиардо, кои веќе го привлекоа окото на советникот на Ред Бул за можното место во АлфаТаури следната сезона.
ЗБОГУМ ЗА АЛФАТАУРИ ВО ФОРМУЛА 1 ШАМПИОНАТОТ?!?
6/29/2023 10:53:00 AM
0
Share to other apps