Макс Ферстапен го имаше најдоброто време на првиот и единствен тренинг за Големата Награда на Австрија.
Холанѓанецот беше најбрз со жолтите гуми, нешто над две десетинки пред Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер со црвени, и половина секунда побрзо време од она во 2022 година.
Толку заостанаа и Мерцедес АМГ со Луис Хамилтон на 4-тото место на табелата, но беше најбрз на белите гуми.
Викендов во Шпилберг се одвива вториот сезонски настан со спринт формат, кога тимовите имаат само еден час тренинзи, во кој треба да тестираат нови елементи, да одлучат за стратегија и да го проценат векот на пневматиците.
За среќа, имаа добро време, а дождот е најавен за вечерните часови. Шест тима донесоа новини во Австрија, надевајќи се дека ќе соберат информации за нивната работа овде, за целосно да ги искористат следната недела во Силверстоун.
Со секоја трка, болидите на другите тимови стануваат сè повеќе како РБ19 на Ред Бул. Вилијамс ги загуби првите 15 минути, но претставникот на тимот изјави дека се се одвива според планот.
Возејќи го поголемиот дел од сесијата на бели и жолти гуми, возачите се префрлија на црвените само во последните минути, но не сите, за да се подготват за денешните квалификации кои се закажани за 17:00 часот.
На тренинг сесиите се бараат лимитите на болидот, па така Валтери Ботас и Фернандо Алонсо имаа помали излетувања од патеката во првиот свиок, Цунода во третиот, Хамилтон во шестиот, Леклер и Окон во последниот, секако без последици по нивните болиди.
Зборувавме за надграденaтa аеродинамика на Ферари, но тие не се единствениот тим што претстави одредени нови елементи во Австрија. Најголемото внимание го доби болидот на Мекларен
MCL60, според Андреа Стела, е речиси целосно нов болид. Освен тоа, во Шпилберг е прикажан само првиот дел од големата програма за ажурирање, која Мекларен има намера да ја спроведе во три фази.
Болидите на Ландо Норис и Оскар Пјастри имаат нова форма на странични отвори за ладење, од кои некои области наликуваат на оние што веќе ги користеле другите тимови, особено, прилично длабоки канали што минуваат по страничните отвори за ладење, почнувајќи од нивниот врв и се спуштаат кон задните тркала.
Експертите веќе ги нарекоа таквите канали "тобогани", бидејќи нивната конфигурација потсетува на оваа атракција, која сме навикнати да ја гледаме во водните паркови и плажите.
Се разбира, во овој случај, овие канали служат за насочување на воздушните струи на вистински начин.
Променета е и конфигурацијата на предниот дел на страничните отвори за ладење. Ревидирани се аеро елементите на ХАЛО-системот, како и геометријата на ретровизорите.
Подот, неговите рабови и дифузерот се променети во склоп со ажурираната форма на каросеријата, и се со цел зголемување на потисната сила. Во овој случај, под делови од каросеријата не се подразбираат само веќе споменатите странични отвори за ладење, туку и капакот на моторот и неговиот заден дел.
РЕД БУЛ
РБ19 малку го промени обликот на облогите поставени на елементите на задната амортизација, а тоа е направено за да се подобри стабилноста на протокот на воздух околу задниот дел на болидот.
ХАС
На носот на VF-23 има нов сензор за брзина, кој се нарекува "Pitot". Тимот очекува новиот сензор да обезбеди попрецизни мерења.
АЛФАТАУРИ
Областа каде што задното крило се спојува во страничните отвори за ладење е реконфигурирано за да се подобри севкупната ефикасност на овој аероелемент. AT03 има и ново задно крило за да генерира поголема потисна сила.
ВИЛИЈАМС
Предниот дел на долните рабови доби нова форма, а надворешните прегради се малку поинаку ориентирани. Воздушните канали за ладење на предните сопирачки се ажурирани, нивниот преден дел и долниот дел станаа различни.
Мерцедес АМГ, Астон Мартин, Алфа Ромео и Алпин не пријавија технички иновации.
МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈБРЗ НА ЕДИНСТВЕНИОТ ТРЕНИНГ ВО ШПИЛБЕРГ
6/30/2023 01:26:00 PM
0
Share to other apps