Макс Ферстапен беше на ниво на својата задача, не дозволи да биде победен во домот на Ред Бул и ја забележа 4-тата последователна Пол позиција за оваа 2023 сезона на петочните квалификации за Големата Награда на Австрија.
Летечкиот Холанѓанец го победи Чарлс Леклер за само 48 илјадитинки за неговата 26-та пол позиција во Формула 1. Карлос Саинц Јр. беше трет, пред извонредниот Ландо Норис со надградениот болид на Мекларен.
Гледавме квалификации со многу неизвесност, особено што за возачите се покажа како тешка задача да нападнат, но истовремено и да останат во границите на патеката.
Макс Ферстапен доминираше од почеток до крај, но Ферари беа навистина блиску до бранителот на титулата. Сепак, возачот на Ред Бул успеа да комплетира одличен круг во својот последен обид во Q3 и да го победи Леклер за 48 илјадити делови од секундата и Саинц Јр. за помалку од две десетинки.
Ландо Норис, од своја страна, блесна со подобрувањата во неговиот Мекларен и дури го победи Луис Хамилтон за четвртото место. Возачите на Астон Мартин, од кои секогаш се очекува многу, пред се од Фернандо Алонсо, имаа незабележителни квалификации и не многу добар пласман.
Ленс Строл, со повеќе од половина секунда заостанување од најбрзото време, беше шести, додека Фернандо Алонсо успеа да го обезбеди само седмото место. Но, за разлика од нив, многу полошо помина, Серџо Перез и Џорџ Расел, кои отпаднаа во Q2 сесијата.
ЛЕТЕЧКИОТ МАКС НЕ ПОПУШТИ ПОД ПРИТИСОКОТ НА ФЕРАРИ
6/30/2023 04:25:00 PM
0
Share to other apps