Акцијата за време на првиот тренинг од тркачкиот викенд во Канада, заврши многу порано од очекуваното поради дефект на целата мрежа на надзорни камери околу патеката.
Возачите можеа да ги извозат само првите неколку минути во она што можеби ќе биде единствената тест сесија на сув асфалт. За утре е најавен дожд, а временската прогноза најавува висок ризик и за втората сесија, која е најавено дека ќе започне половина час порано и ќе трае 90 минути.
Возачите комплетираа по два круга пред акцијата да биде прекината поради проблеми со кумплунгот на болидот на Пјер Гасли. Болидот на Алпин предизвика црвено знаме кое, на прв поглед, изгледаше дека ќе биде многу кратко, но се покажа дека нема да биде така.
Се разбира, не поради неговото отстранување од патеката, туку поради дефект во мрежата на камери на патеката што беше известено подоцна.
Обично, тимовите се обидуваат да ги воведат своите надградби со почетокот на Европските трки, но девет од нив донесоа одредени новитети на болидите за трката во Канада.
Најбогатиот сет на ажурирања го подготвија инженерите на Астон Мартин, како и Вилијамс, но, единствено е надграден само на Алекс Албон. Единствениот тим што нема поднесено никакви ажурирања е Ферари.
ВАЛТЕРИ БОТАС И АЛФА РОМЕО НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА
6/16/2023 07:04:00 PM
0
Share to other apps