Макс Ферстапен беше најбрз на влажната патека во Монтреал, потврдувајќи ја својата позиција како фаворит за Пол позицијата. Холанѓанецот беше три десетинки побрз од Чарлс Леклер, додека Фернандо Алонсо беше трет најбрз во сесијата во која Карлос Саинц Јр. го искрши своето Ферари.
Саботниот тренинг се одржа под непријатен дожд, што беше потешко за фановите на целосно преполните трибини отколку за возачите во болидите. Како и секогаш, на влажен асфалт, инцидентите се неизбежни, па возачите требаше да бидат екстра внимателни при барањето на лимитите на своите болиди.
Јуки Цунода имаше две извртувања на патеката, за среќа по него без видливи последици последици на болидот. Многу возачи имаа проблеми во последната шикана, па често ја прескуваа.
Алекс Албон не беше задоволен од постапките на Саинц Јр., кој во два наврати го блокираше при негов брз круг, нешто што стјуардите го разледуваат по завршување на тренинг сесијата.
На половина од тренингот, Саинц Јр. изгуби контрола врз своето Ферари на влез во првиот свиок, по што заврши во заштитните бариери покрај патеката, прво со предниот дел, а потоа и задниот.
Шпанецот не беше повреден, но механичарите на Ферари ќе имаат полни раце работа да го подготват неговиот болид за настап на квалификациите, кои се на програмата во 22 часот по Македонско време.
РЕД БУЛ НАЈБРЗ НА ДОЖДОТ ВО МОНТРЕАЛ
6/17/2023 06:37:00 PM
0
Share to other apps