Макс Ферстапен забележа уште една победа, поминувајќи прв низ целната линија на трката за Големата Награда на Канада. Холанѓанецот уште еднаш ја предводеше трката од почеток до крај, без грешка и со неспорно темпо.
Фернандо Алонсо беше втор и не заврши толку далеку како во други прилики, но Ред Бул се уште е во друг свет. Луис Хамилтон пружи достојна битка за второто место, но мораше да се задоволи со последното скалило на победничкиот подиум.
Со оваа победа, Ферстапен се израмни со Аиртон Сена на листата по број на Ф1 Победи, и сега двајцата имаат по 41-на. Покрај тоа, повторно ја зголеми разликата со тимскиот колега, Серџо Перез, во шампионатот за возачи.
Третата титула практично е во негови раце, а борбата за второто место ќе биде она што ќе ни го држи вниманието, иако Серџо Перез има предност во одно на Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон.
Тоа беше уште една трка во која доминираше Макс, но во овој случај тој не направи голема предност како на минатите трки. Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон и Ферари беа многу брзи, но Холанѓанецот продолжува да вози без грешки и не подлегнува на притисокот.
Фернандо Алонсо по убавата борба со Хамилтон се врати на подиумот за да заборави на назадувањето пред домашната публика.
Од друга страна, и Ферари и Серџо Перез, напредуваа што е можно повеќе и го комплетираа Топ 6 поредокот. Чарлс Леклер заврши четврти, Карлос Саинц Јр. петти и Серџо Перез шести, при тоа забележувајќи го најбрзиот круг на трката.
Алекс Албон заслужува посебно споменување, со ризична стратегија, со само едно застанување во бокс, ги победи сите возачи од средината на табелата, за да заврши седми, пред Естебан Окон, Ленс Строл и Валтери Ботас.
МАКС ФЕРСТАПЕН СО ЈУБИЛЕЈНА ПОБЕДА ЗА РЕД БУЛ
6/18/2023 07:16:00 PM
0
Share to other apps