Изјави од победниците и губитниците на квалификациите за Големата Награда на Шпанија.
Макс Ферстапен, П1: "Викендот досега беше пријатен. Болидот навистина функционираше добро, но секако дека секогаш се трудиме да најдеме подобрувања. Квалификациите започнаа незгодно, требаше да бидете на патеката во вистинско време, да не правите никакви грешки."
"Влегувајќи во Q3, знаев дека има уште доста потенцијал во болидот, па конечно можев да го доведам до неговите граници. Првиот обид беше навистин брз, потоа, се разбира, повторно излеговме за втор брз круг, тој ќе беше уште подобар, но ми рекоа да го прекинам кругот за да ги зачувам гумите."
"Гледајќи напред кон утре, ќе треба да внимаваме на абењето на гумите, но возењето низ последниот свиок ми носи насмевка на лицето, бидејќи Ф1 болидот таму навистина оживува."
Карлос Саинц Јр., П2: "Задоволен сум од мојот настап на денешните квалификации. Условите не беа нималку лесни, но успеав да направиме неколку добри кругови и мислам дека извадивме се од болидот. Попладнево не оставив ништо во резерва."
"Сепак, викендот не е завршен и сега треба да ја изведеме најдобрата можна трка. Временските разлики беа многу тесни во текот на целиот викенд и нема да биде лесно, но ние ќе нападнеме."
"Сакам да се заблагодарам за неверојатна поддршка од трибините! Навистина прави разлика и се надевам дека утре ќе приредиме добро шоу."
Ландо Норис, П3: "Не знам ни како го направив ова! Изненаден сум што забележав ваков резултат, но тоа е одлично, за малку ќе бев втор! Но, ова е домашна трка на Карлос и мислев дека можам да му дадам неколку десетинки предност. (се смее)"
"Секако, многу сум задоволен од третата стартна позиција и се чини дека новата конфигурација на патеката добро ни одговара. Би рекол дека ми се допадна, бидејќи брзите свиоци одговараат на напиот болид."
"Но, ако направев макар и една мала грешка, би загубил четири, пет или шест позиции. Денеска се претставивме исклучително добро, бидејќи на крајот се зависи од нијансите во возењето."
"Генерално, квалификациите не беа лесни, но изгледа добро се снајдовме во тешките услови, изгледа и мене ми одговараат! Сепак, утре сè може да се промени, во смисла дека нашето тркачко темпо можеби не е толку добро."
"Во недела, Ред Бул е секогаш чекор понапред, Астон Мартин е исто така неверојатно брз, а нашето тркачко темпо не е баш најсјајно. Но, се надевам дека утре ќе можеме да приредиме уште едно изненадување"
ГУБИТНИЦИ
Чарлс Лекелр, П19: "Ќе мора да го провериме болидот и да ги погледнеме податоците бидејќи очигледно имаше нешто навистина чудно во начинот на кој се однесуваше и се чувствуваше многу поразлично од досегашниот тек на викендот. Во основа имав нула грип."
"Болидот беше крајно преуправлив и непредвидлив. Се беше во ред и наеднаш почнуваше да се однесува чудно. Тоа беше нешто поврзано со задниот десен агол. Првично, мислев дека е нешто поврзано со мојот прв комплет гуми, па сменивме нов сет, но сепак имаше ова многу чудно однесување продолжи."
"Очигледно е многу разочарувачки, но утре ќе имаме долга трка, претекнувањето е можно, а деградацијата е голем фактор, па ќе видиме, но секако дека ќе стартуваме далеку назад."
Џорџ Расел, П12: "Денес имавме чудна квалификациска сесија. Очигледно беше незгодно за сите. Чувствував како да немам грип од гумите и навистина се мачев со болидот. Почнуваше да потскокнува во брзите свиоци, така што не можев да излезам дбро на правците како што можев да го направам тоа на тренинг сесијата."
"Не бев изненаден што отпднав во Q2 бидејќи болидот беше надвор од темпото. Немав добро чувство со него, па затоа е разочарувачки."
"Не сум сигурен што точно се случи при инцидентот со Луис. Сето тоа беше прилично изненадувачки. Го започнував мојот брз круг и напредував користејќи ја заветрината од Саинц. Следно што знам е дека Луис беше покрај мене. Имавме среќа што не се случи ништо посериозно и очигледно имавме погрешна комуникација во тимот."
"Сепак, тоа не придонесе за недостаток на темпо, што беше главниот проблем за мене. Почнуваме неколку позиции пониско отколку што треба, но сигурен сум дека утре ќе биде подобар ден."
Серџо Перез, П11: "Не беше едноставен викенд, условите беа прилично незгодни и не ми беше толку удобно во квалификациите. Се обидов да го модифицирам мојот стил на возење, но едноставно не можев да го искористам целиот потенцијал од болидот."
"Влегувајќи во 5-от свиок, патеката беше малку влажна и јас едноставно го загубив задниот дел и влегов во чакалот, па на крајот загубивме време што ме чинеше многу скапо. Тој инцидент значеше дека гумите беа премногу загреани за мојот последен круг и беше тешко да се вратам во игра."
"Сепак, мислам дека утре се е можно и ќе се обидам да напредувам низ гридот. Со нетрпение ја очекувам трката и мислам дека треба да можеме да освоиме добри поени, но се надевам и на пласман на подиумот."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА КАТАЛУЊА
6/03/2023 08:35:00 PM
0
Share to other apps