Во Барселона во тек е тестирањето на гумите на Пирели за 2024 сезоната. Мик Шумахер денеска седна зад воланот на тековниот Мерцедес АМГ болид.
За резервниот возач на тимот, ова е прва можност да го оцени вистинскиот W14 и да го спореди со виртуелната верзија, во која Мик веќе извозе стотици кругови во симулаторот.
Последен пат Шумахер возеше вистинскиот Формула 1 болид во последната трка од минатата сезона во Абу Даби.
Вчера во Барселона заврши првиот ден од тестирањето, на кое учествуваа Џорџ Расел и Чарлс Леклер. За прв пат по долго време, прес-службата на Пирели даде информации за комплетираните кругови и најдоброто време.
Најмногу кругови извозе возачот на Ферари, 167 со најдобро време 1:18.197. Џорџ Расел комплетираше 151 круг со најдобро време од 1:18.400. Денес, заедно со Мик Шумахер, на тестовите учествува и Карлос Саинц Јр..
МИК ШУМАХЕР СО ДЕБИ НАСТАП ВО БОЛИДОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ
6/07/2023 11:59:00 AM
0
Share to other apps