Неколку тимови ќе имаат ново обојување на своите болиди, т.е. тие а кои трката во Силверстоун им е домашна, а тука спаѓа и Вилијамс.
Вилијамс денес го претстави ажурираниот изглед на нивните болиди за Големата Награда на Британија, фокусирајќи се на потеклото на тимот, историско минато и да му се оддаде почит на Френк Вилијамс, како дел од прославата на 800-тата Гран При трка.
Иако судбината сакаше да ја уништи коинциденцијата 800-тата Ф1 трка да се совпадне со домашната трка за Вилијамс поради откажувањето на Големата Награда на Емилија Ромања, тимот од Гроув продолжи со првично утврдениот план, за нивните фанови во Велика Британија да бидат дел од комеморацијата.
ВИЛИЈАМС СО НОВИ БОИ ПРЕД ДОМАШНАТА ПУБЛИКА
7/05/2023 08:38:00 PM
0
Share to other apps