Со сесијата за првиот тренинг започна тркачкиот викенд за Големата Награда на Белгија, трет за оваа сезона кој се одвива во спринт формат.
Тоа значи дека за денес се закажани и квалификациите на кои ќе се одреди стартниот редослед за трката.
За утре, сабота, на програмата се спринт престрелката и спринтот, на кој возачите се борат за поени, победникот добива 8, осмопласираниот еден.
Временската прогноза најавува дожд за поголемиот дел од викендот, па во тој стил започна и првата сесија, а временските радари не најавуваат подобрување на ситуацијата.
Главната работа е дека временските услови дозволуваат полетување на медицинскиот хеликоптер, па сесиите може да се одржат, барем засега. Доколку продолжи да врне со овој интензитет, има голема веројатност од неодржување на квалификациите!
ФИА и Ф1 излегоа со соопштение дека приоритет е одржување на квалификациите, ако треба и со презакажување на сесиите, но ако и тоа не биде возможно, стартниот редослед ќе биде одреден според генералниот пласман на возачи.
ФИА и Ф1 се подготвени да го откажат и одржувањето на СПРИНТ сесиите на сметка на одржување на КВАЛИФИКАЦИИТЕ.
Карлос Саинц Јр. го имаше најбрзото време на првиот тренинг, сесија која беше обележана со многу дожд и малку акција на патеката. Условите на СПА-Франкоршамп не беа воопшто лесни и тимовите избраа да комплетираат по неколку круга и да не ризикуваат премногу.
Сите од нив ќе мора да импровизираат со подесувањето на болидите за остатокот од викендот.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. РАСПОЛОЖЕН НА ДОЖДОТ
7/28/2023 01:21:00 PM
0
Share to other apps