Тимот на Алпин објави дека ја раскинува соработката со тимскиот шеф, Отмар Шафнауер, веднаш по Големата Награда на Белгија и почетокот на летната пауза.
Тимот сака да му се заблагодари на Отмар за неговата напорна работа во изминатите 18 месеци и што го предводеше тимот во освојувањето на четвртото место во шампионатот за конструктори во 2022 година. Тимот му посакува се најдобро во иднина.
Од Алпин потврдија дека ќе се разделат и со Алан Перман, спортскиот директор на тимот. По 34 истакнати години во Енстон, тимот му се заблагодарува на Алан и му посакува се најдобро во неговите идни ангажмани.
Според францускиот тим одлуките се донесена со взаемен договор.
Но, тука не е крајот, откако минатата недела беше најавено заминувањето на Лоран Роси, денес е најавено и заминувањето на Пет Фрај, кој својата кариера од 1 Ноември оваа година ќе ја продолжи во Вилијамс, како главен технички директор.
Бруно Фамин, потпретседател на Alpine Motorsports, од трката за Големата Награда бна Холандија, ќе ја преземе улогата на привремен тимски шеф. Гласините велат дека Матија Биното е блиску до оваа функција.
Актуелниот директор на академија за млади возачи на Алпин, Џулијан Роус, е именуван за привремен спортски директор, а Мет Харман го води техничкиот тим во Енстон. Двајцата ќе рапортираат директно на Бруно Фамин.
Според нас, ова се добри вести за тимот на Алпин, првиот се покажа како бескорисен, освен доведувањето на BWT како спонзор, вториот по 34 години и никакви резултати, крајно конзервативен и за болидот и за стратегијата, можеби можеше да добие подобар третман, но сепак, одлуката е повеќе од правилна.
Сигурно им беше тешко да ја одбранат својата работата пред сопствениците, како и по катастрофата што ја направија со аферата Пјастри-Алонсо, особено сега кога и двајцата се борат за подиуми, во тимови кои лани беа далеку зад Алпин.
Денес, на патеката СПА-Франкоршамп, состанок одржа и комисијата на ФИА за Формула 1. Под водство на Никола Томбазис, директорот за трки со болиди и Стефано Доменикали, шефот на Формула 1 се донесени неколку важни одлуки.
ЗАБРАНАТА ЗА ТЕРМИЧКИ ПОКРИВКИ Е ОДЛОЖЕНА
Генерално, резултатите од тест сесиите каде беа користени пневматици без претходно загревање донесоа позитивни резултати. Пирели ги изнесе до Комисијата, која пак одлучи да ја одложи забраната за термички покривки, која требаше да стапи на сила следната 2024 година, кога ќе се продолжи со дискусии и тест сесии за 2025 година.
ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА МОЌТА НА ПОГОНСКИТЕ ЕДИНИЦИ
При одобрувањето на сегашната регулатива, која забранува развој на ПЕ, беше постигнат договор за можност за прилагодување на моќноста ако некоја од ПЕ е со забележително намалена моќност во однос на останатите производители.
ФИА во првата половина од 2023 сезоната ги анализираше перформансите на погонските единици и заклучи дека има само една забележителна разлика во перформансите помеѓу ривалите(РЕНО ПЕ).
Врз основа на обврските на производителите на ПЕ, на состанокот се разговарало за начините за решавање на оваа несовпаѓање. Комитетот за ПЕ ќе го разгледа ова прашање и ќе ги достави своите предлози до Комисијата.
ПРОМЕНИ ВО ТЕХНИЧКИТЕ И СПОРТСКИТЕ ПРОПИСИ
Комисијата одобри мали измени на Техничките прописи за 2023 и 2024 година.
Комисијата одобри ажурирана процедура за стоечки рестарт, каде што, по дискреција на тркачкиот директор, безбедносното возило може или да остане во боксот или да ги исклучи портокаловите светла и да се повлече за да им овозможи на возачите да претекнат.
Дополнително, по консултација со возачите, Комисијата разговараше за прашањето за рестартирање со стоечки старт кон крајот на трката. Доставените идеи не добија доволна поддршка од членовите на Комисијата за понатамошно разгледување во оваа фаза, но Комисијата потврди дека конечната одлука за ова прашање секогаш е на дискреција на тркачкиот директор. (Мајкл Маси се уште е во право кога ја донесе одлуката во 2021 година!)
РАЗВОЈ НА БОЛИДИТЕ ЗА 2026 ГОДИНА
ФИА даде информации за работата на прописите за 2026 година. Главните цели остануваат непроменети, но постои конструктивен дијалог меѓу ФИА, ФОМ и тимовите кои ќе ја одредат насоката на идните регулативи.
Во рамките на овој проект е постигнат значителен напредок, а ФИА моментално ги анализира најефективните начини за значително намалување на големината и тежината на болидите, како и подобрено управување со енергијата.
ФИНАНСИСКИ ПРОПИСИ
Комисијата разговараше како да се елиминираат, во рамките на Финансиските регулативи, недоследностите меѓу тимовите со различни нивоа на инфраструктура. Работата на оваа тема ќе продолжи и во наредните месеци.
ПРЕДСЕЗОНСКИ ТЕСТИРАЊА ЗА 2024 ГОДИНА
Комисијата даде одобрение претсезонските тестирања во 2024 година да се одржат надвор од Европа, на помалку од десет дена пред првата трка од сезоната. Затоа, тест сесијата ќе се одржи од 21 до 23 февруари во Бахреин.
ЦЕЛОСЕН РЕМОНТ НА АЛПИН ТИМОТ
7/28/2023 04:10:00 PM
0
Share to other apps