Макс Ферстапен уште еднаш ја покажа својата супериорност во Спринт Престрелката на која беше одреден стартниот редослед за Спринтот кој на програмата е закажан за 16:30 часот по македонско време.
Холанѓанецот беше најбрз, во овој случај со поголема предност од вчера, а Ред Бул успеа да го обезбеди првиот стартен ред, благодарение на втората позиција за Серџо Перез.
Ферстапен и Перез ќе го започнат денешниот спринт од првиот ред, Норис и Хулкенберг од вториот, Саинц Јр. и Леклер од третиот. Временската прогноза најавува можност за дожд кој секако допринесува за неизвеснот и многу поинтерсни случувања на патеката.
Во 2023 година, Формула 1 продолжи да експериментира со форматот на спринт викенд, одлучувајќи да го оддели спринтот од главните настани. За прв пат, новиот формат беше тестиран во Баку, а пред Австрија правилата беа малку променети, дозволувајќи употреба на употребувани црвени гуми во SQ3 сесијата.
Квалификациите за Големата Награда на Австрија ја заокружија петочната програма со Пол позицијата на Макс Ферстапен, а саботната спринт престрелка се одржа точна на пладне, по дождливата трка во Формула 3.
Условите беа многу различни од вчера. Спринт престрелката има интересен формат. Три сегменти, исто како во класичните квалификации, само пократки. SQ1 трае 12 минути, SQ2 10 минути и осум минути се резервирани за третиот SQ3 сегмент.
Во текот на петочните квалификации, стјуардите избришаа 47 времиња поради прекршување на границите на патеката. Синоќа, возачите и претставниците на тимовите критикуваа, но пристапот не се промени, па возењето, со сите 4 тркала, надвор од белата линија што ја означува границата на патеката доведе до бришење на времето.
До SQ1сесијата, патеката беше сува по утринскиот дожд, па речиси сите возачи излегоа на црвените гуми, освен Албон, Пјастри и Сарџент кои ги избраа интермедија гумите, но веднаш по излегување на патеката увидоа дека грешат.
Сообраќајот стана уште поголем проблем од вчерашниот ден, бидејќи возачите имаа помалку обиди. На болидот на Саинц Јр. му "чадеа" сопирачките, па тој се упати кон својата гаража за поправка.
Џоу Гуанју се изврте при сопирање, гумите беа премногу ладни. Нему, на Ферстапен, Перез, Хамилтон и Сарџент им беа избришани првите забележани времиња.
Состојбата на патеката се подобруваше со секоја минута, а се подобруваа и резултатите, неопходно беше брзо и прецизно да се комплетира кругот, држејќи се во границите на патеката и избегнувајќи сообраќај.
Не успеаја сите. Најбрзото време го прикажа Саинц Јр., а од понатамошната борба елиминирани беа Џоу, Пјастри, Хамилтон, Ботас и Сарџент.
Во SQ2 сесијата, сите возачи излегоа на патеката на употребувани црвени гуми. Спринт престрелката беше прогласена како влажна, па секој возач/тим имаше слободен избор на пневматици.
Џорџ Расел остана во својата гаража поради проблеми со хидрауликата, кои механичарите се обидуваа да ги решат, но за спринтот, бидејќи тоа не беше возможна да се направи за продолжување на спринт престрелката.
Макс Ферстапен го забележа најбрзото време, а крај на сесијата беше за Алекс Албон, Пјер Гасли, Јуки Цунода, Ник Де Врис и Џорџ Расел.
Во финалниот SQ3 сегмент, Карлос Саинц Јр. и Нико Хулкенберг првиот брз круг се решија да го извозат на нови жолти гуми, во надеж дека ќе бидат побрзи од колку на употребувани црвени.
Макс Ферстапен, Чарлс Леклер и Ландо Норис беа единствените кои имаа нов сет на црвени гуми. Холанѓанецот веднаш постави нов репер, 1:04.613, кој никој не успеа да го надмине, освен самиот тој со 1:04.440 во последниот обид.
КАЗНИ ПО СПРИНТ ПРЕСТРЕЛКАТА
По разгледувањето на околностите на инцидентот во Спринт Престрелката, кога Чарлс Леклер намали брзина во деветтиот свиок, блокирајќи го Оскар Пјастри, стјуардите на Австриското ГП одлучија дека Моначанецот е виновен, па тој ќе загуби три места на стартот од Спринтот.
Откако ги слушнаа објаснувањата на возачите, нивните разговори со тимовите и податоците од телеметрија, стјуардите утврдија дека тоа што се случило не е вина на возачот, туку лоша интеракција со тимот, но изречена е казна, бидејќи ситуацијата можела да биде избегната.
Стјуардите конкретно прецизираа дека казната се однесува исклучиво на спринтот, а доколку поради некоја причина не се одржи денеска, казната ќе се префрли на следниот спринт.
За време на Спринт Престрелката во Шпилберг, Нико Хулкенберг, излегувајќи од својата гаража, со неговото задно лево тркало, удри во друго тркало што го држеше механичар од Хас.
Стјуардите на Австриското ГП ја прегледаа снимката од инцидентот, ги ислушаа претставниците на тимот и дојдоа до заклучок дека причината е несреќен сплет на околности.
Механичарот го држел тркалото премногу блиску до болидот, а Хулкенберг се упатил кон пит-линијата под премногу остар агол за да не им наштети на механичарите што стојат пред боксевите.
Тимот на Хас доби одложена казна од 5.000 евра поради небезбедно пуштање на болидот на патеката. Во случај на повторен прекршок од овој тип пред крајот на 2023 сезоната, Хас ќе мора да ја плати паричната казна.
МАКС ФЕРСТАПЕН ПОБЕДНИК ВО СПРИНТ ПРЕСТРЕЛКАТА
7/01/2023 11:26:00 AM
0
Share to other apps