Макс Ферстапен оствари уште една Спринт Победа за време на Големата Награда на Австрија. Холанѓанецот имаше блиска борба со Серџо Перез во првиот круг, но тој успеа да се врати во водство и да го победи својот тимски колега за повеќе од 20 секунди.
Ова беше, сигурно, најспектакуларниот Спринт откако беше воведен овој формат.
Со деликатните услови на стартот и со асфалт кој полека се суши, разновидноста на стратегии донесе многу претекнувања, особено во средната на поредокот каде Естебан Окон, Ландо Норис, Чарлс Леклер имаа одлична борба.
Макс Ферстапен, да, беше јасен фаворит за освојување на Победата, и никој не очекуваше дека на стартот ќе биде силно притиснат од својот тимски колега, но веќе во третиот свиок го врати првото место и, оттаму, неговото темпо беше недостижно.
Најтензичниот момент беше на самиот старт на спринтот, во првите метри. Макс не стартуваше најдобро и му дозволи на Серџо Перез да го престигне на патот до првиот свиок. Но, работата не заврши тука.
Холанѓанецот имаше подобар излез од првиот свиок и се обиде да го претекне тимскиот колега, но тој беше "истуркан" и со десните тркала се најде на тревата покрај патеката, а сите знаеме колку тоа е опасно кога имаме влажна патека.
Одмаздата дојде во третиот свиок, Макс закочи многу доцна и се врати на првото место, но при тоа не му остави многу простор на својот тимски колега, кој набргу потоа ја загуби позицијата со Нико Хулкенберг.
Преку тимските радија и двајцата возачи се пожалија до своите инженери, но може да се каже дека двајцата беа на ивица на инцидент, нешто несвојствено за тим како Ред Бул.
Од тој момент, Макс можеше да го наметне своето темпо и Перез мораше да се справи со Хулкенберг, кого го престигна кога на Германецот започнаа да му откажуваат пневматиците, во дванаесеттиот круг.
Вистина е дека Перез изгуби многу време зад Хулкенберг, но мора да истакнеме и дека, кога веќе го престигна болидот на Хас, тој заостануваше 9.8 секунди зад својот тимски колега на половина спринт до крајот.
До крајот на Спринтот, таа разлика се зголеми на 21 секунда. Односно, во втората половина на Спринтот Мексиканецот изгуби повеќе од 11 секунди во однос на водечкиот Ред Бул, повеќе отколку што загуби зад Хулкенберг!
Сигурно Макс по хаосот во првиот круг сакаше да го покаже своето вистинско темпо за да стане јасно дека нема ривал во Ред Бул. Но, една работа изгледа јасно, ова нема да заврши тука.
Солидниот Карлос Саинц Јр. финишираше на третото место, додекавозачите на Астон Мартин го комплетираа Топ 5 поредокот, со Ленс Строл на четвртото место и Фернандо Алонсо на петтото.
Нико Хулкенберг со потрошени интермедија гуми, но во пласман во бодови, беше еден од првите возачи кои влегоа во бокс по гуми за суво време, а тоа му донесе шесто место и три поени, пред Естебан Окон и Џорџ Расел кој пак беше првиот возач кој стави гуми за суво, што му донесе пласман во поени.
ИСКРИ ПОМЕЃУ МАКС И СЕРЏО, НО ДВОЈНА СПРИНТ ПОБЕДА ЗА РЕД БУЛ
7/01/2023 04:11:00 PM
0
Share to other apps