Тимот на Алфа Таури официјално потврди дека Ник де Врис веќе не е нивни возач и дека од следната трка, Големата Награда на Унгарија, тој ќе биде заменет од Даниел Рикиардо.
Со ова се официјализираа гласините кои се засилија во последните денови. Всушност, самиот Хелмут Марко изјави дека ќе го гледа настапот на Даниел на тестот на Пирели и ќе разговараат за иднината.
Австралијанецот денеска се качи во болидот на Ред Бул, РБ19, на патеката Силверстоун и според она што го истакнуваат од тимот, тој имал одличен настап. Поради тоа, решија да го вратат во шампионатот веќе од Унгарското ГП.
"Многу сум среќен што можам да му посакам добредојде на Даниел назад во тимот. Нема сомнеж за неговите возачки способности, а тој веќе познава многумина од нас, па неговата интеграција ќе биде лесна и директна", рече Франц Тост, тимскиот шеф на АлфаТаури.
"Тимот ќе има корист од неговото искуство, победник на 8 трки во Формула 1. Би сакал да му се заблагодарам на Ник за неговиот придонес за време на неговиот престој со АлфаТаури и му посакувам се најдобро во иднината."
Од Ред Бул сакаа јасно да стават до знаење дека се работи за позајмица, а Даниел Рикиардо, како би можело поинаку, се радуваше.
"Многу сум среќен што се враќам на патеката со семејството Ред Бул!"
Кристијан Хорнер, од своја страна, истакна дека Рикиардо не ја изгубил својата "магија" и покрај неактивноста и бил желен да види како ќе му оди во АлфаТаури.
"Одлично е да се види дека Даниел не изгуби ништо додека беше надвор од тркањето и дека напредокот што го прави во неговите сим сесии се преведува на патеката."
"Неговите времиња на тестот на пневматиците беа исклучително конкурентни. Беше импресивно возење и возбудени сме да видиме како ќе го помине остатокот од сезоната, како позакмен возач во АлфаТаури."
Како што веќе знаете, Даниел Рикиардо веќе настапуваше за овој тим во 2012 и 2013 година, кога овој тим се натпреваруваше под името Торо Росо. Последните две многу лоши години во Мекларен, предизвикаа тој да остане без возачко место во Формула 1 и се врати во Ред Бул како тест и резервен.
Новинарот во Формула 1, Лоренс Барето, открива дека најдоброто време на Даниел Рикиардо на денешниот тест на Пирели би му донело пласман на првиот стартен ред на Британското Гран При.
Само времето на Макс Ферстапен , со истиот РБ19 што Австралиецот го тестираше денес, ќе беше подобро од тоа на Рикиардо. Сепак, вреди да се напомене дека за време на тестовите, условите на патеката може многу да се разликуваат во однос на саботата, па дури и да бидат подобри.
Податоците не се јавни, па не се знае и на која смеша е забележано времето при неговиот најбрз круг, како и коисѕењето на ДРС-системот, кое на тест сесиите не е ограничено.
Сепак, австралијанецот го изненади Ред Бул на овие тестови и следната недела ќе се врати на гридот со АлфаТаури, по само 10 трки без него.
Неговото враќање слободно може да се каже дека е вест на сезоната и можна најава за подобрување на Серџо Перез. Мексиканецот е под своето ниво уште од Монако и треба повторно да ја зацврсти својата позиција во Ред Бул.
ЗБОГУМ ЗА ДЕ ВРИС, ДОБРЕДОЈДЕ ЗА РИКИАРДО
7/11/2023 06:21:00 PM
0
Share to other apps