Макс Ферстапен блесна во последниот сегмент од квалификациите за Големата Награда на Белгија забележувајќи осум десетинки побрзо време од Чарлс Леклер, но ова ќе се брои како 20-та Пол позиција за Моначанецот кој ќе стартува од П1 на трката. Шампионот, кој поради промена на менувачот доби казна од 5 стартни позиции ќе ја започне трката од П6.
Серџо Перез повторно не може да забележи брз круг во склоп со можностите на РБ19, па беше победен од Ферари, но неговиот тимски колега овозможи да стартува од првиот ред. Од вториот ќе започнат Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр., од третиот Оскар Пјастри и Макс Ферстапен.
Квалификациите започнаа на влажен асфалт, што ја направи борбата за Пол-позицијата донекаде неизвесна, а летечкиот Холанѓанец за малку ќе имаше кикс и се протна во последната Q3 сесија на последната позиција, П10 во Q2, која носи понатамошен пласман.
Но, последниот сегмент, кога беше дозволена употребата на ДРС-системот, Макс Ферстапен, имаше се под своја контрола. Последниот негов брз круг беше извонреден, победувајќи ги Чарлс Леклер и Серџо Перез за осум десетинки.
Следуваа, Луис Хамилтон и Карлос Саинц Јр., со минимално заостанување, пред разочарувачкиот пласман за возачите на Мекларен, кои денеска беа подалеку од очекуваниот пласман, со Оскар Пјастри на шестото место, а Ландо Норис на седмото место.
Џорџ Расел беше осми, пред возачите на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл, тим кој е во слободен пад.
МАКС НАЈБРЗ, НО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЗА ЧАРЛС ЛЕКЛЕР
7/28/2023 04:46:00 PM
0
Share to other apps