Макс Ферстапен прв ја мина целта на трката за Големата Награда на Унгарија забележувајќи ја неговата деветта победа сезонава и 44-та во кариерата. Ова беше 12-та победа во низа за Ред Бул, што е нов рекорд во историјата на Формула 1.
Ландо Норис се искачи на второто скалило на подиумот, повторувајќи го својот најдобар резултат од пред две недели. Серџо Перез мораше да се задоволи со третото место.
Макс Ферстапен се ослободи од Луис Хамилтон уште на стартот и откако го презеде водството по првиот свиок никој не можеше да го предизвика до самиот финиш на трката.
Гледавме трка со помалку неизвесност, отколку што очекувавме, но тоа беше пред се поради тоа што болидот на Мерцедес АМГ беше сетиран "Glory Run" на вчерашните квалификации.
Со тоа очекуваниот дуел помеѓу Хамилтон и Ферстапен беше невозможен, откако британецот не се снајде најдобро при стартот и му овозможи лесна трка на Холанѓанецот.
Борбата за второто место беше понеизвесна. Се чинеше дека Ландо Норис го имаше во својот џеб, но кога се виде дека ќе биде неизвесно, Мекларен ги стави сите карти на него, па така иако Серџо Перез при крајот се доближи, сепак возачот на Мекларен успеа да го задржи зад себе. Добар кам-бек за Мексиканецот од П9 до пласман на подиумот.
Малку поназад, Оскар Пјастри беше петти, зад Луис Хамилтон, а трката му избега од раце при вториот стинт кога падна во темпо, но и ја изгуби стратегиската предност во корист на својот тимски колега. Австралиецот беше на второто место се до првото влегување во бокс.
Џорџ Расел, од своја страна, направи спектакуларен кам-бек и го обезбеди 7-то, кое со казната за Леклер од 5 секунди се претвори во 6-то место, по стартот од далечната 18-та позиција.
Следуваа возачите на Ферари, Леклер и Саинц, па тие на Астон Мартин, Алонсо и Строл, кои го комплетираа пласманот кој носи поени.
Фановите на Италијанците започнаа да се прашуваат како може тимот со најголема традиција во Формула 1 да падне на толку ниски гранки и безидејна ситуација.
Астон Мартин по добриот почеток на сезоната тоне се подлабоко, па надежите за 33-та победа на Алонсо како да испарија.
ПРВО МЕСТО ЗА ВОЗАЧОТ БРОЈ ЕДЕН
7/23/2023 02:21:00 PM
0
Share to other apps