Холанѓанецот блескаше во секакви услови и го победи Фернандо Алонсо кој повторно се враќа на подиумот, а Ф1 фановите ширум светот го избраа за возач на денешната трка.
Пјер Гасли, по казната од 5 секунди на Серџо Перез, успеа да стигне до пласман на победничкиот подиум за тимот на Алпин.
Гледавме трка полна со неизвесност, а дождот започна да паѓа неколку круга по стартот на трката и го измиксира редоследот.
Единствено Макс Ферстапен при секакви временски услови ја покажуваше својата супериорност и по завршниот хаос со силен дожд, ја забележа 46-та победа во Формула 1, трета последователна на негов терен.
Фернандо Алонсо, е вториот протагонист на оваа трка, кој ги покажа своите вештини на тешки услови за возење. Шпанецот и покрај тоа што немаше оптимална стратегија, по лошиот пит-стоп, одржа лекција по возење во секакви временски услови и заслужено стигна до второто место.
Пјер Гасли исто така имаше одличен настап и се искачи на подиумот. Серџо Перез направи неколку грешки, вклучително и казна од пет секунди за пречекорување на брзината низ пит-линијата, па на крајот мораше да се задоволи со четвртото место.
Карлос Саинц Јр. успеа некако да го "скроти" непредвидливиот болид на Ферари, на крај успеа да ги издржи нападите на Луис Хамилтон и Ландо Норис за обезбедување на заслуженото петто место.
Макс Ферстапен, локалниот идол, вчера ја освои Пол позицијата. Со неколку возачи надвор од вообичаената позиција и со можна појава на дожд на хоризонтот, трката беше претставена како крајно неизвесна во однос на стратегијата.
Стартот, и покрај тоа што паднаа неколку капки непосредно пред почетокот, беше значително чист. Макс Ферстапен стартуваше добро и го задржа водството пред Ландо Норис кој беше втор.
Фернандо Алонсо со спектакуларно претекнување во третиот свиок, се најде пред Џорџ Расел и Алекс Албон. Возачот на Мерцедес АМГ падна на четвртото место, пред Албон, Карлос Саинц Јр. и Серџо Перез.
Дождот го зголемуваше интензитетот, па Серџо Перез и Чарлс Леклер, решија да ги заменат црвените со зелени гуми, веќе на крајот од првиот круг.
Фернандо Алонсо леташе на патеката, па следен за престигнување беше Ландо Норис и Шпанецот во вториот круг се пласираше на второто место. На крајот од истиот тој и Макс Ферстапен се упатија во бокс по зелените гуми.
На патеката останаа Ландо Норис, Џорџ Расел и Луис Хамилтон во очекување дека дождот брзо ќе престане да паѓа. Но, интензитетот на дождот беше таков што возење на патеката со гуми за суво не беше возможно.
Во тој момент стана јасно дека оптималната стратегија беше да се замине по зелените гуми веднаш на крајот од првиот круг. Тоа го искористи Серџо Перез, кој се најде во водство, пред Џоу Гуанју и Пјер Гасли.
Во меѓувреме, Макс Ферстапен беше четврти, а Алонсо шести, со Леклер во сендвич меѓу нив. На Холанѓанецот не му требаше многу време да се искачи на третото место претекнувајќи го Пјер Гасли и набргу потоа го мина и Џоу Гуанју за второто место.
Во тоа време, Ферстапен заостануваше за околу 12-тина секунди зад својот тимски колега, кој ја водеше трката.
Речиси во исто време, во 6-от круг, Фернандо Алонсо се ослободи од Чарлс Леклер со покасно сопирање и нанад од внатрешноста на 10-от свиок. Моначанецот имаше проблеми, а Карлос Саинц Јр. се приближуваше до тимскиот колега.
Во деветтиот круг, Чарлс Леклер, со оштетено предно крило, му дозволи на Саинц Јр. да го претекне во првиот свиок.
Облакот со дожд помина над патеката и кога излезе сонце, патеката започна да се суши со забрзано темпо, па одредени возачи кои преминаа на црвените започнаа да бележат 4-5 секунди побрзи времиња од тие на зелени гуми.
Тој податок предизвика нов бран на влегувања во боксевите по гуми за суво, и покрај тоа што сè уште имаше закана од дожд. Џоу Гуанју и Фернандо Алонсо беа првите од водечката група што заминаа во бокс, во 11-от круг.
Шпанецот набрзо по излегување на патеката го претекна болидот на Алфа Ромео во третиот свиок. Во следниот круг Макс Ферстапен доби предност во однос на Серџо Перез и се упати за промена на гуми, Мексиканецот мораше да го почека следниот круг.
Откако беа направени сите пит-стопа, Макс веќе беше на првото место, а потоа следуваа Перез, Алонсо, Гасли и Саинц Јр.. Возачите на Мерцедес АМГ имаа лош тајминг за промена на гуми и беа надвор од топ 10 пласман.
Тоа не беше крај на возбудувањата, во 16-от круг, Логан Сарџент изгуби контрола врз својот Вилијамс и заврши во бароерите покрај 8-от свиок, со што за прв пат на оваа трка излезе безбедносното возило.
Возачите на врвот одлучија да останат на патеката, но дел од задниот дел на поредокот ја искористија можноста за нов пит-стоп, т.е. да се обидат со изменета стратегија.
Саинц Јр. по убавата борба со Гасли остана на петтото место, пред Гуанју, Магнусен и Албон.
Трката беше рестартирана во 22-от круг. Макс Ферстапен успешно го задржа првото место пред Серџо Перез кој беше нападнат од Фернандо Алонсо, но Шпанецот не успеа да го реализира претекнувањето. Истата ситација беше со Пјер Гасли и Карлос Саинц Јр.. Зад нив, Гуанју, на жолти гуми, беше пред Кевин Магнусен, Алекс Албон, Естебан Окон и Јуки Цунода.
За неколку круга, Ферстапен успеа да создаде разлика од повеќе од една секунда во однос на Перез, така што не му дозволи да го отвори ДРС-системот. Алонсо исто така заостануваше повеќе од секунда зад Мексиканецот и зад себе ги имаше Гасли и Саинц Јр., иако на релативно удобно растојание.
Истовремено, Кевин Магнусен почна да губи позиции, а Алекс Албон го започна својот кам-бек претекнувајќи го Џоу Гуанју.
Во 27-от круг, изненадувачки, Фернандо Алонсо успеа да се врати во ДРС зоната со Серџо Перез, па дури и се чинеше дека е во позиција да се обиде да претекне, но Чеко набргу потоа го пронајде вистинското темпо на својот Ред Бул.
На половина од трката, Ферстапен веќе имаше пет секунди предност пред Перез, а од друга страна, Фернандо Алонсо го имаше третото место, со Пјер Гасли и Карлос Саинц Јр. на безбедна дистанца зад себе. Алекс Албон беше на шестото место, а Ландо Норис веќе беше деветти, пред Луис Хамилтон. Болидите на двајцата британци беа во налет.
По најавите за нов дожд, сите возачи се обидуваа да го извлечат максимумот од гумите. Инженерите предвидуваа пристигнување на ситен дожд, но тој ниако не се појавуваше на патеката.
Во 42-от круг, Карлос Саинц Јр. беше првиот кој реши дека нема да има дожд и се упати во бокс по нови гуми, во обид да го престигне Алпинот на Гасли зад кој беше заглавен.
На тоа реагираа и останатите возачи, Окон застана во 44-от круг, Албон во 45-от круг, Перез и Хамилтон во 46-от круг, а Алонсо чекаше до 49-от круг, при што имаше катастрофален пит-стоп од 8.3 секунди и на патеката се врати зад Јуки Цунода и Саинц Јр..
Во следниот круг, и Макс Ферстапен се упати по нови гуми и повторно излезе на патеката удобрно на првото место. Фернандо Алонсо наметна пеколно темпо и не само што веднаш се ослободи од Јапонецот во АлфаТаури, туку по само неколку круга го претекна и Карлос Саинц Јр. од внатрешната страна на првиот свиок.
На 20 круга до крајот, Ферстапен и Перез имаа слободен пат кон двојна победа за Ред Бул, пред Алонсо и Саинц Јр.. Пјер Гасли беше на петтото место, пред Расел, кој беше на изменета стратегија, Албон, Цунода, Окон и Норис. Во тие моменти тркачките инженери ги информираа возачите дека се очекува нов дожд, кој ќе биде со силен интензитет.
Фернандо Алонсо ја послуша пораката и го вадеше максимумот на својот Астон Мартин, забележувајќи го и најбрзиот круг на трката, 55-ти. Шпанецот, поради лошиот пит-стоп застануваше околу десет секунди зад Перез.
Дождот дојде во 61-от круг и, освен Ферстапен, Алонсо, Албон и Окон, сите возачи се решија да замина по зелени гуми. Застанувањето на Перез беше многу лошо, 10.9 секунди, но остана на второто место. Но, набргу потоа Мексиканецот имаше излетување од патеката во првиот свиок, по што падна на третото место и со мала разлика пред Гасли, Саинц Јр и Хамилтон.
Во 64-от круг, Џоу Гуанју имаше излетување во првиот свиок, првично предизвикувајќи период на виртуелно безбедносно возило. Максд Ферстапен се упати во бокс по сините гуми на Пирели, а веднаш по него во бокс се упати и Серџо Перез, но тркачкиот директор се реши да ја стопира трката на седум круга до крајот!
Во тие моменти имаше хаос на патеката поради силниот дожд, а Перез остана заглавен на излезот од боксевите.
Стјуардите решија дека тркта ќе биде рестартирана по овој редослед: Ферстапен, Алонсо, Перез, Гасли, Саинц Јр., Хамилтон, Норис, Расел, Албон, Пјастри, Окон.
Паузата траеше повеќе од половина час. Рестартот конечно беше закажан за 17:14 часот и летечки старт зад безбедносното возило. По два комплетирани круга, безбедносното возило се повлече во боксевите, а Макс Ферстапен го задржа водството пред Фернандо Алонсо.
Речиси сите позициите беа задржани, освен седмото место на Ландо Норис, кој беше нападнат од Џорџ Расел, но при дуелот дојде до мал контакт помеѓу болидите. Возачот на Мерцедес го доби седмото место, но заработи и дупната гума, па мораше повторно да се упати во бокс по нови гуми.
На крајот, Ферстапен комотно ја мина целта на првото место и додаде нова победа на домашен терен, пред Алонсо и Перез, но Мексиканецот падна на четвртото место поради казна од пет секунди за пречекорување на брзината во пит-линијата и му го предаде подиумот на Пјер Гасли и Алпин.
Карлос Саинц Јр., со крајни напори ги издржа нападите на Хамилтон и Норис за да го запечати заслуженото петто место. Албон, Пјастри и Окон ги комплетираа Топ 10 поредокот кој носеше поени.