Чарлс Леклер го предводеше 1-2 пласманот на Ферари на првиот тренинг за Големата Награда на Сингапур, а Карлос Саинц Јр. заостана само 0.078 делови од секундата.
Макс Ферстапен беше трет во многу нерепрезентативна тренинг сесија, затоа што се одвива на дневна светлина, а не ноќе, кога се одржуваат квалификациите и трката. Температурите се секогаш повисоки и затоа времињата се побавни.
Првиот петочен тренинг ни овозможи да ги оцениме промените во конфигурацијата на патеката, каде што, четири свиоци беа заменети со еден правец. Во отсуство на трки за поддршка, состојбата на патеката треба значително да се подобрува како одминува викендот.
Возачите ја искористија сесијата за "навикнување" на новиот распоред, постепено добивајќи го посакуваниот ритам. Имаше некои проблеми и грешки. Алонсо и Перез излетаа од патеката без последици по болидите.
Ленс Строл беше заглавен во боксот дваесет минути поради проблеми со амортизацијата. Во Мекларен успеаа да го надградат само болидот на Ландо Норис, додека Оскар Пјастри ја возеше претходната верзија на болидот.
Во 27-та минута во вториот сектор се појавија жолти знамиња, на патеката имаше голем гуштер, кој беше вознемирен од бучавата и несекојдневните случувања за него, па возачите мораа внимателно да го заобиколат.
Во 2016 година, Ферстапен го нарече таквиот гуштер "Годзила", но овој пат беше многу помал, па неговиот инженер се пошегува: "Изгледа дека Годзила има бебе."
Имавме развеани жолти знамиња по втор и трет пат од истата причина - претрчување на гуштер. Никој од нив не беше повреден. (Update: Се појавија гласини дека еден од гуштерите бил прегазен... )
Идеален почеток на викендот за Ферари, но вториот тренинг ќе биде многу поинформативен доколку нема дожд. Почетокот е закажан за 15:00 часот по Македонско време
Во последно време имаше многу плачење од страна на Тото Волф и Луис Хамилтон. Дали тоа беше обид за психолошка дестабилизација на Ред Бул и Макс Ферстапен, не знаеме, плус на глупости од тој тип не посветуваме внимание затоа што не вредат ни да се споменат, а не пак да му даваме поголемо значение.
Но, денес уредникот на британскиот мотоспорт магазин излезе со интересно видување на тие изјави, што го потврдува ГОЛЕМОТО ниво на плачење од споменатите личности.
"За време на годините доминација на Мерцедес АМГ со Луис Хамилтон, навестив дека ако му го дадете на Макс Ферстапен најдобриот болид, тој исто така ќе доминира во Формула 1. И се случи."
"Така, беше прилично дрско од страна на Тото Волф да се каже, по рекордната серија на победи на Ферстапен во Монца, дека тие бројки се за Википедија и никој и онака не го чита тоа."
"Особено кога тој не се срами да не потсети на неверојатниот подвиг на Мерцедес АМГ од осум последователни конструкторски титули, што беше не така одамна."
"Како и сите великани, Ферстапен јавно вели дека бројките не му се важни, додека приватно сум сигурен дека му годат. Неговата цел на секој викенд не е само да победува на трки или да поставува рекорди, туку е и апсолутно да доминира, оттука и неговата опсесија со поставување на најбрзи кругови."
"Среќно во обидот да го дестабилизирате!"
На патеката во Сингапур има три ДРС зони, но ниту тие не ви дозволуваат да се борите за позиција. Оваа година, ФИА и тимовите разговараа за четвртa, на долгиот нов правец, кој ги замени свиоците од 16 до 19.
На почетокот, ФИА се согласи да создаде четврта ДРС зона, но тимовите не успеаја да постигнат консензус. Проблемот е во брзио "свиок" во средината на правецот, каде што потенцијално може да се појават безбедносни проблеми.
Девет тимови подготвија новитети за трката во Сингапур, но најголемото внимание беше насочено кон болидите АлфаТаури и Мекларен, кои претрпеа многубројни и најзначајни надградби.
ФЕРАРИ НАЈБРЗ НА ПРВИОТ ТРЕНИНГ
9/15/2023 11:12:00 AM
0
Share to other apps