ФИА го официјализираше финансискиот извештај за ограничените буџети за минатата сезона и, и покрај гласините, објави дека трошоците на сите тимови се во рамките на дозволениот буџетскиот плафон за 2022 година.
Првично, во 2022 година, секој Формула 1 тим можеше да потроши не повеќе од 140 милиони долари, но по вклучувањето на 22-та трка во календарот, буџетот беше зголемен за 1.2 милиони долари.
Во јули 2022 година, беше изгласано дека тимовите може да потрошат дополнителни 4.3 милиони долари поради глобалната инфлација, зголемувајќи ја границата на 145.5 милиони долари.
Специјалната комисија на ФИА ја разгледа финансиската документација на тимовите поднесена на крајот на 2022 година и утврди дека ниту еден од нив нема пречекорување на трошоците или процедурални прекршувања.
Дополнително, беше извршена ревизија на активностите/одделите на тимовите кои не се поврзани со Формула 1 за да се увери дека никој не се обидува да скрие трошоците што всушност се направени за Формула 1.
ФИА истакна дека за време на процесот на верификација, сите тимови покажале соработка.
Како резултат на финансиската ревизија, сите Формула 1 тимови добија сертификат за усогласеност.
Во 2021 година, кај тимот на Ред Бул беше утврдено дека ги прекршил финансиските прописи со минимално пречекорување на дозволениот буџет.
За ова, според прописите на ФИА беа казнети со седум милиони американски долари(ФИНАНСИСКА КАЗНА), како и казна во форма на намалување за 10% на времето дозволено за работа во воздушните тунели и CFD симулациите (МАЛА СПОРТСКА КАЗНА).
Според правилата на ФИА, Процедуралните прекршувања, како и прекумерно трошење, помало од 5%, од ограничениот буџет, може да резултираат со финансиски казни и/или мали спортски казни.
Значително надминување на ограничениот буџет, поголемо од 5%, ќе резултира со задолжително одземање на бодови од шампионатот на конструкторите и може да резултира со дополнителни финансиски казни и/или материјални спортски казни.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.