Макс Ферстапен мина прв низ целта на трката за Големата Награда на Италија, забележувајќи рекордната 10-та последователна Победа, негова 47-ма во Формула 1.
Холанѓанецот мораше да се "испоти" малку повеќе за да го престигне Карлос Саинц Јр., но повторно надвладеа нежноста на РБ19 кон пневматиците на Пирели.
Шпанецот во многу тешка трка за него, успеа да го задржи пласманот на победничкиот подиум, а неговиот тимски колега ни малку не му олесни во таа задача.
Стартот на Карлос Саинц Јр. беше добар и успеа Пол позицијата да ја претвори во водство по првиот свиок, кое успеа да го одржи до крајот на 16-от круг. Од тој момент Макс Ферстапем, бранителот на титулата имаше одврзани раце кон својата десетта последователна победа.
Како и Шпанецот, напорна трка имаше и Серџо Перез кој имаше проблеми во претекнувањето на болидите на Ферари. Но, најпрво мораше да се соочи со Џорџ Расел, а потоа со возачите на тимот од Маранело.
На крај, Мексиканецот успеа да се искачи на второто место, пред Карлос Саинц Јр., кој доби шанса за пласман на подиумот пред тифозите.
Џорџ Расел е петти, а Луис Хамилтон шести. И двајцата имаа казни од пет секунди, но успеаја во намерата тоа да не им влијае на нивните места. Создадоа доволно предност во однос на возачите зад себе, но немаа поголеми шанси за напредок кон подиумот.
Алекс Албон го обезбеди седмото место, пред Ландо Норис и Фернандо Алонсо кои немаа брзина за нешто повеќе на денешната трка, а последниот поен го освои Валтери Ботас со болидот на Алфа Ромео.
ДЕСЕТ ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОБЕДИ ЗА МАКС ФЕРСТАПЕН
9/03/2023 02:38:00 PM
0
Share to other apps