По завршувањето на Европската турнеја, Формула 1 се сели на Азискиот континент, место каде историјата на овој спорт е во зачеток, но, затоа патеките се ултра-модерни.
По натпреварувањето на најбрзата трка во однос на времетраењето, Големата Награда на Италија, Ф1 тимовите се селат на временски најдолгата трка.
Кога Сингапур дојде на Формула 1 сцената, тоа беше нешто повеќе отколку само трка на ново место со прекрасна локација. Тоа беше првата ноќна трка во шампионатот и првата улична патека во Азија.
Возачите со нетрпение очекуваат да се тркаат на оваа патека, која од оваа година има 19, наместо 23 свиоци, но сепак ја задржа нејзината исцрпувачка природа.
Блиските бариери, исто како во Монте Карло, бараат целосна фокусираност и концентрација од возачите за време на целиот тркачки викенд. И покрај сите тешкотии со кои се соочуваат, трката во Сингапур е добро прифатена од сите протагонисти на овој мотоспорт.
Според самите возачи, моќното осветлување овозможува таква видливост на патеката која е подобра отколку на дневните трки, бидејќи не постои отсјајот на сонцето. Искрите од подот на болидите, издувните пламени и усвитените дискови на сопирачките обезбедуваат глетка што поминува незабележано во дневните часови.
Времето во Сингапур е жешко, а како додатно отежнување е и големата влажност на воздухот. Затоа колку што трката во Сингапур се вози навечер од естетски причини и прилагодување со Европската саатница, тоа е и најдоброто време за возачите и публиката.
Од Пирели за претстојното Сингапурско Гран При ги донесоа трите најмеки смеши Ц3, Ц4 и Ц5. Со оглед на комплексноста за претекнување на патеката, тимовите внимателно ќе ги проценат опциите за да добијат стратегиска предност.
За оваа трка, неопходно е да се земе предвид високата веројатност за појава на безбедносното возило, што може да го промени текот на трката.
Ако остане суво, од Пирели најавуваат дека најдобрата стратегија за денешната трка треба да биде со едно застанување во бокс.
Ова може да вклучува старт на жолтите гуми и нивно возење до помеѓу 20 и 30 круг, а за финиш на трката возачите да се префрлат на белите гуми.
Алтернатива би било, по стартот, да се вози на црвените гуми помеѓу 15 и 25 круга, пред да се префлат на белите.
Постојат голем број на добро познати надворешни фактори кои често влијаат на стратегијата во Сингапур.
На секоја трка што се одржува во Марина Беј има најмалку едно излегување на безбедносниот автомобил, како и временските услови.
Сè уште има шанси за обилни врнежи од дожд, кои се многу потешко да се предвидат отколку на другите трки во шампионатот.
Во обид да се подобри можноста за претекнување на Марина Беј градската патека, ФИА одлучи да додаде трета ДРС зона на двете постојни. За оваа година беше предложена и четврта, но дел од тимовите ја одбија поради безбедносни причини.
Во петокот и саботата возачите работеа на сува патека, а можни се врнежи на денот на трката.
Во 20:00 часот по локално време возачите треба да ја стартуваат трката, до кога воздухот ќе се разлади до +27 степени со слаб источен ветер. Веројатноста за врнежи се проценува на минимални 20%.
Во Сингапур е речиси невозможно да се престигне. Болидите од новата генерација се потешки и пошироки, па факторите за успешно претекнување остануваат исти, успешни квалификации, добар старт и ефективна стратегија.
По инцидентот на Ленс Строл во квалификациите за Големата Награда на Сингапур, возачот и тимот одлучија дека тој нема да се натпреварува на трката. Канаѓанецот има болки по големиот удар и е фокусиран на целосно опоравување на време за Големата Награда на Јапонија.
Мајк Крак, тимски шеф: "На целиот тим му олесна кога Ленс можеше сам да излезе од болидот по вчерашната несреќа, но тој сè уште ги чувствува последиците од тој сериозен инцидент. Наш приоритет е да му обезбедиме целосно и брзо закрепнување."
"Заедно решивме дека тој нема да учествува на денешната трка и ќе се фокусира на враќање во кокпитот на болидот за Големата Награда на Јапонија следната недела."
Пред почетокот на Големата Награда на Сингапур, механичарите на Алфа Ромео ја сменија ПЕ во болидот на Џоу Гуанју.
Кинезот доби нов мотор, нова турбина, нов мотор-генератор MGU-H, нова единица за складирање енергија, нова контролна електроника и нов издувен систем.
Бидејќи Џоу веќе се квалификуваше за деветнаесеттата позиција, казната за овие замени нема да има значително влијание врз него, бидејќи сега возачот на Алфа Ромео ќе стартува од пит-линијата.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА СИНГАПУРСКОТО ГРАН ПРИ
9/17/2023 11:01:00 AM
0
Share to other apps