Карлос Саинц Јр. со брилијатно возење без нити една грешка и пред се паметно контролирање на текот на трката од самиот старт до крај, не само што ја забележа втората победа, туку и ја прекина низата на Макс Ферстапен и Ред Бул од 10 т.е. 15 последователни победи.
Со двата болиди на Ферари на првите две места, благодарение на добриот старт на Чарлс Леклер, Карлос знаеше како да управува со темпото и го искористи излезот на безбедносното возило за да замине во бокс и го задржи водството.
Но, во завршницата на трката не беше се така лесно. Мерцедес АМГ го искористи виртуелното безбедносно возило за да ја смени стратегијата на своите возачи и крајот на трката го дочека на подобри гуми, но Карлос Саинц беше паметен да му даде ДРС помош на Ландо Норис и на крајот стигна до Победата.
Неговиот поранешeн тимски колега, заврши на второто место, по грешката на Џорџ Расел во последниот круг и завршувањeто во бариерите покрај патеката. Луис Хамилтон беше веднаш за него, па наследи пласман на подиумот.
Чарлс Леклер заврши како четврти, возеше за својот тим, и заврши пред Макс Ферстапен кој се искачи на петтото место. Пјер Гасли го обезбеди шестото место, пред Оскар Пјастри, Серџо Перез, Лиам Лосон и Кевин Магнусен.
КАРЛОС ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ ДО ПОБЕДАТА, ПРЕКИНАТА НИЗАТА НА РЕД БУЛ
9/17/2023 01:22:00 PM
0
Share to other apps