Два часа пред почетокот на тренинг сесијата врнеше дожд во Сингапур, па дел од вчерашната гума беше измиен од асфалтот. Да напоменеме уште еднаш, во споредба со минатата година, конфигурацијата на патеката Марина Беј е променета.
Наместо свиоците 16, 17, 18 и 19 сега имаме 400 метарски правец, што донесе до 10 секунди побрзи времиња од минатите години.
На петочните тренинг сесии возачите на Ферари ги зазедоа првите две места, Мерцедес АМГ, Мекларен и Астон Мартин беа во близина, додека Ред Бул имаше проблеми со балансот на РБ19.
Како и ден претходно најбрзото време го забележа Карлос Саинц Јр., 0.069 делови од секундата побрзо од тоа на Џорџ Расел со Мерцедес АМГ и две десетинки пред Ландо Норис со Мекларен. Макс Ферстапен и Ред Бул се подобрија, но стигнаа само до четвртото најбрзо време.
Макс Ферстапен се пожали на проблем со менување на брзините на неговиот болид, а исто така и на претерано "лизгање" на задниот дел. Чарлс Леклер имаше одличен прв сектор во двата брзи обиди, но по малите грешки мораше да ги прекине брзите круга и заврши петти, пред Луис Хамилтон, Оскар Пјастри и Серџо Перез.
Од тимот од кој очекувавме многу повеќе, Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Стролуспеаја само до тринаесеттата, т.е, четиринаесеттата позиција на табелата.
Многу возачи се распоредени во близок интервал, па битката за Пол позицијата, 15:00 MK, би требало да биде една од најинтересните за оваа 2023 сезона. Мала грешка во брзиот круг може да значи многу позиции надолу, на патека каде стартниот грид е доста значен.
КАРЛОС САИНЦ ЈР. ПРОДОЛЖУВА СО БРЗИ КРУГОВИ
9/16/2023 11:11:00 AM
0
Share to other apps