Карлос Саинц Јр. комплетираше магичен круг за втора последователна Пол позиција за него и Ферари, па на утрешната трка за Големата Награда на Сингапур ќе стартува од првиот ред, каде друштво ќе му прави Џорџ Расел, кој беше за 0.007 делови од секундата побрз од Чарлс Леклер со вториот болид на Ферари.
Не само што гледавме блиски квалификации, туку дојде и до изненадување и неочекувано од многумина испаѓање на возачите на Ред Бул уште во Q2 сесијата.
Во оваа ситуација, Саинц Јр. ја продолжи добрата форма и беше најбрз во двата Q3 обиди. Шпанецот беше побрз за 72 илјадитинки од Џорџ Расел и 79 илјадитинки од својот тимски колега.
Ландо Норис беше најдобар од останатите, на четвртата позиција, пред Луис Хамилтон, кој заостана четири десетинки зад својот тимски колега.
Кевин Магнусен со одлична П6 стартна позиција за Хас, пред Фернандо Алонсо и Естебан Окон. Вториот болид на Хас исто така со пласман во најбрзите 10 и 9-та позиција за Нико Хулкенберг, додека Лиам Лосон има супер деби во АлфаТаури со П10 на утрешниот грид.
За време на квалификациите стјуардите забележаа многубројни ситуации на попречување, од кои само Макс Ферстапен имаше три белешки.
Доколку се донесеа казни стартниот редослед требаше да претрпи многу измени, па стјуардите решија да доделат казни во вид на два укори за Макс Ферстапен, додека сите останати поминаа без никакви последици.
Делумно одлуката е донесена во овој стил затоа што од тркачкиот директор немало инструкции за начинот на движење во загревачкиот круг, како што тоа беше случај со Монца на пример. Па така, стартниот редослед засега е идентичен со постигнатите позиции на денешните квалификации.
КАРЛОС САИНЦ СО МАГИЧЕН КРУГ ДО ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
9/16/2023 02:26:00 PM
0
Share to other apps