Карлос Саинц Јр. го забележа најбрзото време на саботниот тренинг и победува на две од трите досегашни тренинг сесии.
Шпанецот го надмина Макс Ферстапен за 86 илјадитинки, а Луис Хамилтон беше трет со заостанување од половина секунда.
Чарлс Леклер имаше минимално излетување, но доволно да си го уништи брзиот круг, Серџо Перез со истекување масло од Хонда ПЕ.
По минатонеделната дождлива трка во Зандворт, времето во Монца ги послужи фановите и возачите. Многумина излегоа со аеродинамична боја, некои тимови повторно страдаа од вертикалните осцилации.
Патеката во Монца е уникатна, но тимовите одамна немаат направено посебен аеродинамичен кит за неа, па поради ограничените буџети ги приспособуваат постојните.
Имаше некои мали грешки. Хамилтон ги блокираше тркалата при сопирање и го пресече првиот свиок, Саинц Јр. полека возеше низ центарот на патеката, спречувајќи го Цунода, кој за влакно избегна судир.
Возејќи во боксот, Хулкенберг за малку ќе удреше во механичарот на Астон Мартин кој беше премногу блиску до патеката на движење. Логан Сарџент го загуби левиот ретровизор при поминување низ рабниците.
Ландо Норис, на излезот од Лезмо 1, налета на бавниот болид на Алфа Ромео и мораше да го претекнува надвор од патеката. Џоу Гуанју беше предупреден со црно-бело знаме.
Црно-бело знаме заработи и Карлос Саинц Јр. кој имаше минимален судир со Мекларенот на Оскар Пјастри. За Серџо Перез тренингот заврши предвреме, поради тоа што неговите механичари открија истекување на масло од погонската единица.
САИНЦ ЈР. ГИ ЗАГРЕА ТИФОЗИТЕ ПРЕД КВАЛИФИКАЦИИТЕ
9/02/2023 12:04:00 PM
0
Share to other apps