Формула 1 не доаѓа во Монца во пролет или лето. Трката на долгите правци се одржува исклучиво во септември, кога летото останува зад нас. Ова е 73-та трка на оваа патека, и секогаш се одржува во истиот месец.
Големата Награда на Италија го заокружува европскиот дел од сезоната, кој беше целосно диктиран од Ред Бул. Тимот ја продолжува рекордната серија од 14 Победи во низа, со минатогодишната трка во Абу Даби.
На второто место во ова рангирање Мекларен има 11 Победи по ред во 1988 година, а потоа оваа серија беше прекината токму во Монца, каде на задоволство на тифозите, возачите на Мекларен беа симнати од тронот, а Ферари забележа двојна победа.
Оваа патека е една од класиците на Формула 1, изградена е во далечната 1922 година. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша, со Jules Goux како Победник, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Најновата конфигурација на патеката Монца дебитираше во 2000 година.
Оригиналната Монца имала над 10 километри, и од дамнешни времиња го има епитетот за храм на брзината со просечни брзини кои достигнуваат до 250км/ч., додека максималната брзина надминува 350 км/ч., па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона.
Познатиот "Храм на брзината" е вистинскa патека која има потреба од низок отпор и ниска потисна сила, каде што максималната брзина е клучна за добар резултат. Трката честопати се добиваше од Пол позицијата, што ги прави квалификациите особено важни.
Ако минатата недела трибините беа обоени исклучиво во портокалово, тогаш црвената боја доминира во Монца. Тифозите се едни од најверните навивачи и секогаш доаѓаат во голем број да го подржат својот омилен тим, кој минува низ тешки времиња.
Пред една година, пред трката во Монца, Ферари го имаше второто место во шампионатот за конструктори, а сега се само четврти. За Ферари оваа трка е историски важна.
Тимот подготви специјален "дрес" за своите болиди, прославувајќи ја Победата на 24 Ле Ман. Возачите на Ферари на Италијанското ГП имаат 19 Победи, а почесто победуваа само во Германија (21 пати). Последната победа беше не толку одамна, во 2019 година Чарлс Леклер се искачи на највисокото скалило на Подиумот.
53-те круга од Големата Награда на Италија на Храмот на брзината во Монца, теоретски, треба да се поминат со едно застанување во бокс, а главен протагонист ќе бидат белите гуми.
Останува да се види дали некои возачи ќе одлучат да започнат на жолтите гуми за да имаат поголема флексибилност, со добро ниво на грип на почетокот или да ризикуваат да започнат со црвените за да се обидат да напредуваат низ поредокот во раните фази од трката.
Стратегијата со две застанувања е условена од фактот што траекторијата низ боксевите е многу долга и се губи доста време при секое застанување за промена на гуми, но може да биде валиден избор доколку трката се неутрализира во кој било период.
Минатата недела, Леклер отворено призна дека ќе биде тешко да се стигне Ред Бул до следната промена на регулативата во 2026 година, и тоа не изгледаше како доказ за слабост, туку како констатација на факт. Заостанувањето е преголемо, а Ред Бул исто така не мирува.
Пред три години, на Големата награда на Италија, заврши историјата на семејството Вилијамс во Формула 1, во следната фаза од историјата тимот премина кон нови сопственици, Дорилтон Капитал.
Придонесот на ова семејство и тим во историјата на Формула 1 е огромен, по бројот на шампионски титули се на второто место, а речиси во сите други рангирања се во првите три.
Во денешно време, не е замисливо едно семејство да може да управува Ф1 тим, пред се од финансика гледна точка.
Доаѓањето на инвеститорите од Дорилтон Капитал, по неколку последователни години на последното место во шампионатот за конструктори, го донесе тимот моментално е на седмото место во шампионатот на конструктори и иако нема да се искачи повисоко, можеби ќе ја задржи оваа позиција за да го направи следниот чекор во 2024 година.
Сепак, напредокот во Формула 1 е секогаш релативен. Од една страна, Вилијамс напредуваше, но од друга страна, тоа е можеби резултат на стагнацијата на Хас, Алфа Ромео и АлфаТаури. Но, секогаш е одлично кога легендите се враќаат!
Една од интригите за остатокот од сезоната во овој период беа кадровските решенија, но за оваа сезона се чини дека не е. Нема слободни места, повеќето возачи имаат договор барем до крајот на следната сезона, а се чини дека не се 100% сигурни само местата на Логан Сарџент во Вилијамс и Џоу Гуанју во Алфа Ромео, иако тоа нема да има суштинско влијание.
Засега нема казни по вчерашните квалификации, на кои се водеше многу блиска борба помеѓу Карлос Саинц Јр., Макс Ферстапен и Чарлс Леклер, а триото беше разделено во само 67 илјадити делови од секундата.
Квалификациите се одвиваа во АТА формат (Алтернативна распределба на пневматици), при што возачите мораа да го користат бели гуми во Q1, жолти во Q2 и црвени во Q3.
Во комбинација со фактот дека времето беше практично непроменето во текот на сите 60 минути, тоа значеше дека условите беа прилично совршени за да се процени разликата во перформансите помеѓу трите смеши.
Само возачите на Ред Бул и Ферари беа во можност да ги поминат трите сегменти користејќи само по пет сета, т.е. нивните возачи користеа само еден комплет бели гуми во Q1.
Што значи дека само тие ќе имаат на располагање по еден нов сет на бели пневматици за денешната трка. Преостанатите сетови по возач ги имате погоре во статијата.
Временската прогноза останува како и за досегашниот тек од викендот. Во 15:00 часот, кога возачите ќе го започнат загревачкиот круг, температурата на воздухот ќе се искачи до 29-от степен. Ќе имаме мала облачност и слаб југозападен ветер.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ИТАЛИЈАНСКОТО ГРАН ПРИ
9/03/2023 11:17:00 AM
0
Share to other apps