Вилијамс Рејсинг го претстави избраниот од фановите Gulf дрес, именуван како "Bolder then bold", коиј што тимот ќе го носи на трките за Големите Награди на Сингапур, Јапонија и Катар.
Победничкиот дрес беше изгласан со околу 180.000 гласови во тесна битка помеѓу понудените 4 верзии на истиот. Дизајнот на овој дрес треба да го слави духот на двата бренда кои долги години се присутни во моторспорт.
Gulf Oil International и Вилијамс Рејсинг делат решително верување да се биде смел на и надвор од патеката.
ВИЛИЈАМС СО GULF ДРЕС НА СЛЕДНИТЕ ТРИ ТРКИ
9/14/2023 07:54:00 PM
0
Share to other apps