Ендрју Шовлин, главниот тркачки инженер на Мерцедес АМГ, е оптимист за шансите на тимот на претстојната трка во Сингапур. Градската патека Марина Беј, која бара голема потисна сила, треба да одговара на W14.
"Патеката во Сингапур бара максимална потисна сила, така што имаме причина да веруваме дека болидот ќе изгледа поконкурентен отколку во Монца. На патеките со висока потисна сила како Барселона, Будимпешта, па дури и Зандворт, болидот беше брз и ние се претставивме многу добро."
"Се надеваме дека претстојниот викенд ќе бидеме малку побрзи и ќе се вратиме на позициите кои ќе ни овозможат да се бориме за подиумот. Патеката во Сингапур има неколку прилично уникатни карактеристики."
"Дополнително, оваа година конфигурацијата е променета, отстранети се четири свиоци при крајот од кругот. Сега, наместо нив има долг правец. Овие промени делумно ќе влијаат на перформансите на гумите, но асфалтот останува исто толку абразивен."
"Пирели ќе донесе три од најмеки смеши, има доста нерамнини на патеката, па оптоварувањето на гумите ќе биде големо. Плус трката се одржува ноќе. Имаме многу предизвици што треба да ги надминеме, но одиме во Сингапур со оптимизам и очекуваме добар резултат."
МЕРЦЕДЕС АМГ ОПТИМИСТИ ЗА ТРКАТА ВО СИНГАПУР
9/11/2023 09:19:00 PM
0
Share to other apps