2023 сезоната во Формула 1 шампионатот продолжува во Катар, на Интернационалната патеката Лусаил.
Викенд кога Макс Ферстапен би требало да ја обезбеди ТРЕТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА. Се што е потребно е да биде со Топ 6 пласман на саботниот Спринт.
Тркачкиот викенд во Катар е веќе четврти оваа година што се одржува во Спринт форматот.
Веќе ја проследивме првата и единствена тренинг сесија, а во 19:00 часот започнуваат Квалификациите каде ќе се одреди старниот поредок за неделната трка.
Во сабота ќе имаме Спринт престрелка (скратени квалификации) на кои ќе се одреди стартниот поредок за Спринтот, кој нема никакво влијание на неделната трка, но најдобрите 8 возачи освојуваат поени.
Лусаил интернационалната патека е брза патека со километарски правец, место каде претекнувањето е најлесно остварливо и доминација на средни и брзи свиоци каде ќе биде тешко да се престигнува.
Минатата година не се одржа трка за Големата Награда на Катар,поради Светското првенство во фудбал, додека за оваа година патеката доби нов асфалт, падокот беше проширен и реновиран, а бројот на гаражи се зголеми.
Возачите ја имаа само оваа едночасовна тренинг сесија за да ги најдат оптималните подесувања на болидот за преостанатите сесии од викендот, бидејќи со почетокот на Квалификациите, болидите поминуваат во режим на затворен паркинг и нема да може да се менуваат подесувањата без да се добие казна.
Макс Ферстапен го забележа најбрзото време на единствениот тренинг во Катар, но сепак се беше подредено на подесувањето на болидите. Холанѓанецот најбрзото време го постави на црвените гуми на Пирели, со три, т.е. четири десетинки предност во однос на возачите на Ферари, Карлос Саинц Јр. како втор, а Чарлс Леклер беше трет.
Фернандо Алонсо пријатно изненади и беше најбрз од возачите на жолтите гуми, со четвртото време, а црвените сетови ги зачува за денешните квалификации. Како и возачот на Астон Мартин, црвените гуми ги зачуваа и возачите на Мекларен и Мерцедес АМГ.
МАКС ФЕРСТАПЕН ГИ ПОБЕДИ ВОЗАЧИТЕ НА ФЕРАРИ
10/06/2023 03:14:00 PM
0
Share to other apps