Макс Ферстапен ја избриша прашината и песокот од интернационалната патека Лусаил, забележувајќи ја 30-тата Пол позиција во кариерата, 10-та оваа сезона.
Мекларен и Мерцедес АМГ беа најблиску до Холанѓанецот, но круговите на Ландо Норис, а потоа и на Оскар Пјастри беа избришани поради напуштање на границите на патеката.
На Фернандо Алонсо му одговара оваа патека, па го имаше четвртото најбрзо време, за разлика од својот тимски колега, кој повторно испадна во Q1 сесијата.
Борбата беше блиска, барем што се однесува за освојување на втората позиција и пласман на првиот стартен ред. Макс Ферстапен беше непобедлив, но гледавме интересна борба помеѓу возачите на Мекларен, Мерцедес АМГ на самиот лимит.
Фернандо Алонсо на П4 заостануваше само 15 стотинки од пласман на првиот ред, каде на крајот се најде Џорџ Расел.
Во реалноста тоа беше Ландо Норис, но како што напоменавме, двата болиди на Мекларен ги надминаа границите на патеката во своите најбрзи кругови и ги загубија втората, т.е. четвртата позиција.
Луис Хамилтон од П5 напредуваше на П3, додека Фернандо Алонсо се најде на П4. Чарлс Леклер ја обезбеди петтата старна позиција, а Оскар Пјастри се најде на П6.
Следуваа возачите на Алпин, Пјер Гасли, пред Естебан Окон, а Валтери Ботас и Ландо Норис го заокружија Топ 10 пласманот.
Карлос Саинц Јр. и Серџо Перез не успеаја да се пласираат во најбрзите десетвозачи на патеката Лусаил.
МАКС ПЕРФЕКТЕН, БЛИСКА БОРБА ЗА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
10/06/2023 06:34:00 PM
0
Share to other apps