Формула 1 потврди дека Пирели ќе остане партнер и ексклузивен снабдувач на шампионатот до 2027 година, а договорот има и опција за уште една година.
Исто така, ново во договорот е можноста за снабдување со гуми за тимовите во Формула 2 и Формула 3, во согласност со посветеноста на Пирели за поддршка на следната генерација на тркачки таленти.
Продолжувањето на договорот со Формула 1 значи дека италијанската компанија, 18 сезони ќе го задржи монополот како единствен снабдувач на тимовите.
Пирели, исто така, зазеде водечка позиција во развојот на еколошки решенија и ја поддржува зелената агенда на Формула 1 додека шампионатот се стреми да постигне јаглеродна неутралност до 2030 година.
Од 2024 година, сите гуми на Пирели наменети за Ф1 шампионатот ќе бидат сертифицирани од меѓународниот совет за управување со шумите (FSC).
FSC сертификатот значи дека плантажите од кои се снабдуваат растителни суровини за производство на гума ги исполнуваат еколошките стандарди во областа на поддршката на биолошката разновидност, а исто така создаваат приход за луѓето кои работат на нив и локалното население.
Марко Трончети Провера, извршен потпретседател и управен директор на Пирели: "Задоволни сме што го продолжуваме нашето присуство во Формула 1 и нејзините поврзани шампионати. Пирели веќе беше во мотоспортот во 1950 година кога се роди Формула 1, а ова обновување на договоро значи дека компанијата продолжува да игра водечка улога во него речиси две децении."
"Благодарение на посветеноста на Либерти Медиа и поддршката на ФИА, шампионатот доживува период на исклучително успешен развој, неговата популарност расте, привлекувајќи се повеќе и повеќе внимание од помладите генерации."
"Иновациите и високата технологија се дел од ДНК-та на Пирели, а Формула 1 е одлична лабораторија на отворено која овозможува не само да се тестираат нови технички решенија, туку и да се спроведуваат истражувања кои придонесуваат за подобрување на сите производствени процеси."
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1: "Од враќањето во шампионатот во 2011 година, Пирели е непроценлив партнер, поддржувајќи ја Формула 1 додека се менуваа техничките прописи и испорачуваат гуми кои обезбедуваат возбудливи трки на задоволство на нашите фанови."
"Посветеноста на компанијата кон стандардите за квалитет, иновациите и нејзиното длабоко разбирање на спецификите на нашиот спорт се најважните фактори кои ќе функционираат во иднина додека се приближуваме кон транзицијата кон нови технички прописи, што ќе се случи во 2026 година."
Мохамед бин Сулајем, Претседател на ФИА: "Пирели работи на највисоко ниво на мотоспортот многу години и уверен сум дека тие ќе продолжат да испорачуваат иновативни решенија со исклучителен квалитет."
"Работата со Формула 1 е уникатен предизвик за добавувачите на гуми, а Пирели демонстрира вистинска посветеност на производство на гуми за овие неверојатни тркачки болиди кои ги исполнуваат највисоките барања."
"Би сакал да му се заблагодарам на Пирели за нивната континуирана поддршка на мотоспортот, не само во Формула 1, туку и на многу други шампионати на сите нивоа. Пирели самоуверено напредува за да ги постигне овие цели."
ОФИЦИЈАЛНО: ПИРЕЛИ И ФОРМУЛА 1 СО НОВ ДОГОВОР
10/10/2023 05:21:00 PM
0
Share to other apps