Макс Ферстапен, сега веќе трикратен Ф1 Шампион, доминираше на Големата Награда на Катар и забележа нова победа, 14-та сезонава, 49-та во неговата Ф1 кариера.
Трка во која Луис Хамилтон потсети на 2016 Шпанија ГП, кога се судрија двата болиди на Мерцедес АМГ и ја овозможија деби победата на Макс Ферстапен.
Денес, Британецот ги прецени своите можности во првиот свиок по што дојде до контакт со неговиот тимски колега, Џорџ Расел, завршувајќи ја трката во чакалот покрај патеката. За среќа, тоа не беше крај на трката и за вториот болид на Мерцедес АМГ.
Холанѓанецот веќе ја има титулата во раце, но борбата за Победа не попушта. Денешната трка изгледаше комплицирана во поглед на стратегијата, но кога имаш добар и брз болид секогаш е полесно да направиш добитна стратегија.
Нов хет-трик за Макс Ферстапен со освојување на Пол позицијата, најбрзиот круг во трка и секако Победа.
Во оваа ситуација, возачите на Мекларен ги комплетираа позициите на подиумот, но дека Мерцедес АМГ беше на пат за добра трка покажа Џорџ Расел кој и покрај судирот успеа да напредува низ поредокот и на крај да заврши на четвртото место.
Фернандо Алонсо беше на пат до петтото место, но направи мала грешка и падна на шестото, зад Чарлс Леклер кој денес беше единствен кој возеше на патеката за тимот на Ферари.
Неговиот тимски колега, Карлос Саинц Јр. не можеше да учествува на денешната трка поради дефект на системот за довод на гориво.
Позициите кои носат поени ги комплетираа Естебан Окон, Валтери Ботас, Џоу Гуанју и Серџо Перез.
МАКС ЗА ПОТВРДА НА ТИТУЛАТА, МЕКЛАРЕН СО НОВ ДВОЕН ПОДИУМ
10/08/2023 06:40:00 PM
0
Share to other apps