Алекс Албон беше изненадувањето на првиот тренинг за Големата Награда на Мексико Сити, разделувајќи ги возачите на Ред Бул со одлично второ место. Макс Ферстапен беше најбрз за 95 илјадитинки, а Серџо Перез беше трет пред своите фанови.
По два последователни викенди со спринт формат, во Мексико се враќаме на вообочаениот распоред на викендот со три тренинг сесии, но не и во стандардниот временски распоред за нас, со оглед на разликата во временските зони.
Денес петок навечер и со почеток на сабота ќе ги следиме првите две тренинг сесии. Атмосферскиот притисок во Мексико Сити е 20% помал од нормалниот, аердинамиката е прилагодена на максимално ниво на потисна сила, но при редок воздух потисокот врз болидот е приближно ист како во Монца.
На првата тренинг сесија имавме пет дебитанти кои ги заменија редовните возачи на тимовите. Во Хас, Оливер Берман го замени Кевин Магнусен, Исак Хаџар седна во болидот на Јуки Цунода, АлфаТаури. Во Алпин, Џек Дуан го замени Пјер Гасли, Тео Пуршер седна во болидот на Валтери Ботас,Алфа Ромео. Во Мерцедес АМГ Фредерик Вести го возеше болидот на Цорџ Расел.
Во почетните минути, повеќето возачи ја тестираа експерименталната гума на Пирели и потоа тргнаа во подготовки за викендот. Карлос Саинц Јр., имаше проблеми со хидрауликата на своето Ферари, па мораше значителен период да помине стационарен во својата гаража.
Ниту Алонсо немаше најдобар старт, со многу изгубено време во гаражата за поправки на дифузорот и пределот на задното крило. Позитивната работа е што претстојат уште две тренинг сесии.
Во текот на првиот половина час, меѓу оние на патеката, Ферстапен го постави најдобро време со жолтите гуми, само четири илјадитинки пред изненадувачкиот Албон.
Во втората половина од сесијата, започна забавата со црвените гуми што ги стави двата Ред Була на врвот со Ферстапен две десетинки пред Перез. Најпрво шампионот беше најбрз со повеќе од половина секунда во однос на Ландо Норис, а Албон беше четврти.
Двата возачи на Ферари и Луис Хамилтон и со црвени гуми не можеа да го победат времето на Вилијамсот на жолтите, а кога Албон повторно излезе на патеката со црвените гуми, тој продолжи да ги изненадува сите со тоа што постави време само 95 илјадитинки зад времето на Ферстапен.
Крајот на сесијата беше многу помирен, со тоа што возачите се префрлија на подолги стинтови на жолтите и белите гуми.
Ферстапен ја заврши сесијата на врвот, со Албон втор, Перез трет, Норис четврти и Чарлс Леклер петти. Мекларен и Ферари се во сендвич на табелата со Оскар Пјастри шести и Саинц Јр. седми. Даниел Рикиардо, со добро осмо место, Естебан Окон, деветти и Ленс Строл го комплетираа Топ 10 поредокот.
Во очекување на првите возачки постави, квалификациските и тркачки симулации ќе бидат од поголемо значење на вториот тренинг, кој започнува на полноќ според Македонско време.
ТРЕНИНГ НА ДЕБИТАНТИ, МАКС НАЈБРЗ НА ОТВАРАЊЕТО НА ВИКЕНДОТ
10/27/2023 08:10:00 PM
0
Share to other apps