Макс Ферстапен беше најбрз на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Мексико Сити, сесија на која имаше многу "рамноправност" во горниот дел на табелата.
Целосно пополнетите трибини во петок се ретка појава, но тоа беше случај во Мексико Сити. На првиот тренинг многу тимови имаа дебитанти, а на вториот воланот го презедоа главните возачи.
Тимовите работеа на вообичаената програма за подесување на болидите и проценка на перформансите на гумите, со акцент на квалификациите, бидејќи е тешко да се престигнува на оваа патека.
По почетокот на сесијата, облаци ја опкружуваа патеката, па имавме лесен дожд, кој не влијаеше на работата на возачите. Џорџ Расел беше задолжен за отворањето на патеката, а по него следеше долга колона на болиди.
Повеќето од возачите беа на експерименталните гуми, C4, кои треба да се користат во 2024 година, но некои ги користеа белите и жолтите гуми на Пирели.
Потоа како по обичај се премина на квалификациски кругови со црвените гуми. Оскар Пјастри беше еден од првите на патеката и забележа време од 1:19.163 и автоматски се пласираше на првото место.
Алекс Албон овојпат не беше толку брз и заостана речиси три десетинки. Алонсо имаше добар прв сектор, илјадити дел зад Албон и Перез, но се изврте во 9-от свиок и неговиот брз круг беше уништен.
Неколку минути подоцна Макс Ферстапен го постави најбрзото време, а Ландо Норис заостана 119 илјадитинки. Чарлс Леклер се пласираше на третото место, но Карлос Саинц Јр. можеше да комплетира круг само за 11-та позиција на табелата.
Валтери Ботас и Даниел Рикиардо беа невообичано брзи и се пласираа на четвртото и шестото место, а Серџо Перез е на петтото место. Седмото најбрзо време беше за Луис Хамилтон, пред Естебан Окон, Оскар Пјастри и Џорџ Расел во вториот Мерецедес АМГ.
Тимовите ги насочија своите програми кон подолги стинтови и фино подесување во пресрет на неделната трка, така што табелата остана „непроменета“ до крајот на сесијата.
ФЕРСТАПЕН НАМЕТНА НЕДОСТИЖНО ТЕМПО НА ПЕТОЧНИТЕ ТРЕНИНГ СЕСИИ
10/27/2023 11:38:00 PM
0
Share to other apps