Макс Ферстапен како по обичај, беше најбрз на првата и единствена тренинг сесија за Големата Награда на Соединетите Држави.
Чарлс Леклер беше втор најбрз, а Луис Хамилтон со надградениот болид на Мерцедес АМГ, иако со трето најбрзо време се покажа како многу конкурентен, па не очекуваат квалификации каде борбата за Пол позицијата може да биде неизвесна до самиот финиш.
Мекларен, тимот кој ги подгреа надежите на своите фанови, реши да не ги користи црвените гуми за квалификациски кругови, па ги очекуваме и нив во борба за Пол позицијата.
Освен Мекларен и возачите на Астон Мартин решија да не ги користат црвените гуми, за да изведат симулација на квалификациски круг, Ленс Строл можеби и не по своја волја, бидејќи неговите механичари имаа полни раце работа со проблематичните сопирачки.
Чарлс Леклер и Луис Хамилтон останаа блиску до Ферстапен на второ и трето место, пред Серџо Перез кој беше четврти, три десетинки зад неговиот тимски колега.
Кевин Магнусен изненади со одлично петто место во надградениот болид на Хас и пред Џорџ Расел, кој беше шести.
Алекс Албон беше седми, пред Карлос Саинц Јр.. Нико Хулкенберг во вториот болид на Хас успеа да заврши во топ 10 пласман како деветти најбрз возач, додека Пјер Гасли со болидот на Алпин ги комплетираше најбрзите десет возачи.
Тимот на Хас го презентираше сериозно надградениот VF23, на домашната патека за нив, со надеж дека ќе се потврдат одлуките донесени за насоката на развој на болидот за следната сезона.
Мерцедес АМГ донесе нов под, кој треба да биде главна одлика за насока на развој на W15.
Останати тимови кои донесоа нови елементи во Остин се уште и АлфаТаури, Астон Мартин и Алфа Ромео.
МАКС НАЈБРЗ, НО ЛУИС НАЈАВИ БОРБА ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
10/20/2023 06:29:00 PM
0
Share to other apps