Чарлс Леклер ја забележа неговата 21-ва Пол позиција на квалификациите за Големата Награда на Америка, кои беа исполнети со многу емоции и адреналинска битка до самите лимити на болидите и патеката.
Макс Ферстапен беше пет илјадитинки побрз од Моначанецот, но ги надмина границите на патеката и падна на шестата стартна позиција, што ќе услови уште подобра неделна трка во Остин, Тексас.
Ред Бул и Макс Ферстапен не беа така надмоќни на патеката на Америка, па Чарлс Леклер, Луис Хамилтон, Ландо Норис, беа во игра за првиот стартен ред во целиот тек на квалификациските сегменти.
Во оваа ситуација, Ферстапен првично беше најбрз за само пет илјадитинки, но неговиот круг беше избришан поради надминување на границите на патеката во 19-от свиокот.
Така, Чарлс Леклер ја забележа третата Пол позиција во оваа 2023 Ф1 сезона со десетинка предност пред Ландо Норис и Луис Хамилтон. Карлос Саинц Јр. беше четврти најбрз возач, пред Џорџ Расел и Макс Ферстапен.
Едно од најнепријатните изненадувања беше Астон Мартин, чии возачи и покрај донесените нови елементи за АМР23 не успеаја да ја поминат нити првата Q1 сесија.
Ленс Строл беше претпоследен, а Фернандо Алонсо успеа да го обезбеди само седумнаесеттата стартна позиција. Падот на Астон Мартин продолжува, а шпамецот за прв пат оваа сезона остана без Q3 пласман.
Во Q1 сесијата, сите возачи се натпеваруваа на црвените гуми, но многумина, особено најбрзите тимови, избраа старт сет на пневматици, за своите први брзи круга, верувајќи во можностите на своите болиди.
Возачите повторно беа строго казнувани и за милиметарско напуштање на границите на патеката, па така мораа да го комплетираат не само брз, туку и прецизен круг.
Забележаните времиња беа блиски, а Луис Хамилтон беше на врвот на табелата по првиот сегмент од квалификациите, а Лансо Норис заостана само две стотинки позади него.
Од понатамошниот тек на квалификациите отпаднаа: Нико Хулкенберг(избришан круг), Фернандо Алонсо, Алекс Албон, Ленс Строл и Логан Сарџент.
Во Q2 сесијата, шемата беше повторена, првиот брз круг, речиси од сите возачи, беше на стар сет, а вториот на нов сет црвени пневматици.
Стјуардите ги прилагодија плановите на некои од тимовите, па така во првиот обид беше избришан брзиот круг на Норис со нови гуми, па британецот мораше да даде се од себе во вториот.
Чарлс Леклер го имаше најбрзиот круг, четири илјадитинки пред Ферстапен.
Во финалето не се пласираа Јуки Цунода, Џоу Гуанју, Валери Ботас, Кевин Магнусен и Даниел Рикиардо(избришан круг).
Во финалната Q3 сесија, во првиот обид, Леклер го имаше најбрзото време, комплетирајќи круг од 1:34.829.
Макс Ферстапен налета на болидот на својот тимски колега во првиот обид и остана само трет. Во вториот обид, кругот на Ферстапен беше избришан, а најдоброто време остана кај Леклер со 1:34.723.
Организаторите на Големата Награда на Америка во Остин се решија да експериментираат, па за оваа 2023 година викендот се одвива во спринт форматот. Тоа значеше дека Квалификациите за неделната трка се одржаа во петокот.
Даниел Рикиардо се врати во болидот на АлфаТаури. Откако го замени отпуштениот Ник де Врис во Унгарија, тој настапи на само две трки, а во Зандворт се здоби со повреда на раката.
Австралиецот пропушти пет трки, а кои како негова замена настапи Лиам Лосон, кој беше достојна замена.
Хас, Мерцедес АМГ, Астон Мартин, донекаде Алфа Ромео и АлфаТаури донесоа надградби на своите болиди, како подготовка за следната сезона. За време на единствената тренинг сесија, Астон Мартин имаше проблеми со ладењето на сопирачките.
Макс Ферстапен го имаше најбрзото време, но резултатите беа многу блиски, што дополнително го зголеми интересот за квалификациите.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР ЈА ОБЕЗБЕДИ ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ЗА ФЕРАРИ
10/20/2023 10:35:00 PM
0
Share to other apps