Макс Ферстапен беше најбрз во Спринт пресметката во Остин, победувајќи ги Чарлс Леклер за 55 илјадинитки и Луис Хамилтон за 69 илјадитинки.
Макс Ферстапен се врати на врвот во SQ1, со само еден обид. Холанѓанецот беше побрз од Леклерк за две илјадитинки, но Моначанецот беше попречен од Џорџ Расел при неговиот брз круг, што ќе биде разгледано од стјуардите.
Овој пат немаше негативни изненадувања за Астон Мартин, бидејќи и двајцата нивни возачи успеаа да поминат во следниот сегмент без поголеми проблеми. За разлика од нив, двата болиди на Хас спринт пресметката ја завршија во SQ1, како и Валтери Ботас.
Јуки Цунода имаше проблеми со сообраќајот во неговиот излезен круг и ќе биде претпоследен, за разлика од Даниел Рикиардо кој премина во SQ2 за само 12 илјадитинки. Исто како и вчера, Логан Сарџент беше најбавен и вечерва ќе стартува последен.
Иако Астон Мартин успеа да се пласира во SQ2, тие не можеа да се пласираат во финалниот сегмент. Фернандо Алонсо го имаше дванаесеттото најбрзо време, за малку зад десеттата позиција на Алекс Албон.
Тајланѓанецот вчера отпадна во Q1, денес се пласираше во SQ3, што беше пријатно изненадување. Ленс Строл, од своја страна, беше четиринаесетти. Даниел Рикиардо беше најдобар од оваа група, а Естебан Окон и Џоу Гуанју беа останатите двајца кои отпаднаа.
Најдоброто време во SQ2 повторно беше за Макс Ферстапен, во сесија во која имаше извртување што му ги уништи гумите. Иако немаше големи изненадувања, возачите на Мерцедес АМГ не се чувствуваа толку добро со жолтите гуми во еден брз круг.
Сепак, W14 беше сосема друг болид на црвените гуми во финалниот сегмент, и беа во борба за првиот стартен ред, т.е. барем Луис Хамилтон, бидејќи Џорџ Расел немаше нов сет на најмеките пневматици.
На денешната Спринт пресметка се одеди стартниот редослед на возачите по кој ќе се наредат на гридот за старт на Спринтот, кој ќе започне точно на полноќ по македонско време.
На крајот од спринтот од 19 круга, првите осум возачи ќе добијат поени според шемата 8-7-6-5-4-3-2-1.
Стјуардите на Големата Награда на Америка ги разгледаа постапките на Џорџ Расел во првиот дел од спринт пресметката, кога го попречи Чарлс Леклер во неговиот брз круг.
За ова, стјуардите го казнија Расел со губење на три позиции на стартот на спринтот во Остин.
Џорџ Расел се квалификуваше како осми, но поради казна ќе го започне спринтот единаесетти, зад Алекс Албон, Пјер Гасли и Даниел Рикиардо.
Непосредно пред почетокот на Спринт престрелката, ФИА објави кратко соопштение во кое се вели дека е направена ревизија на границите на патеката во свиоците 9, 12 и 19.
"По разговорите со тимовите и возачите, донесена е одлука да се помести белата линија што ги означува границите на патеката во свиоците 9, 12 и 19. Ова треба да им даде на возачите повеќе простор во тие свиоци."
ФЕРСТАПЕН И ЛЕКЛЕР НА ПРВИОТ РЕД ЗА ПОЛНОЌНИОТ СПРИНТ
10/21/2023 07:05:00 PM
0
Share to other apps