Макс Ферстапен доминираше на Спринтот за Големата Награда на Америка, задржувајќи го водството по првиот свиок, па се до самиот крај на 19-те круга, покажувајќи дека утрешната трка ќе биде интересна за него со старт од П6.
Луис Хамилтон изгледаше дека има добро темпо, но мораше да се задоволи со второто место, пред Чарлс Леклер, Ландо Норис и Серџо Перез.
Во првите кругови, Британецот беше блиску до Ферстапен, но Холанѓанецот наметна темпо кое тешко можеше да биде проследено од болидот на Мерцедес АМГ, бегајќи речиси 10-тина секунди во само 19 круга.
Чарлс Леклер и Ферари беа немоќни да се борат за второто место, а под знак прашалник беше доведено и третото место доколку имавме уште неколку круга, па така Ландо Норис мораше да се задоволи со четвртото место, пред Серџо Перез, во вториот болид на Ред Бул.
Карлос Саинц Јр. беше единствениот возач со различна стратегија на гридот, сите стартуваа со жолти, само тој на црвените меки гуми, кои се знаеше дека нема да го издржат целиот спринт со компетитивно темпо.
Успеа да ги издржа нападите на Џорџ Расел за 6-тото место, но најверојатно Британецот поради казната од 5 секунди и не беше нешто расположен да нападне со екстра ризик, знаејќи дека повторно ќе го загуби добиеното место.
Расел на зелената маса го изгуби и 7-то место од расположениот Пјер Гасли со болидот на Алпин, а само три десетинки му недостигаа на Алекс Албон да го добие последниот поен за 8-то место.
МАКС ПОБЕДНИК НА СПРИНТОТ ВО ОСТИН
10/21/2023 11:31:00 PM
0
Share to other apps