Макс Ферстапен ја има една од најдобрите сезони во историјата на Формула 1 на индивидуално ниво.
Холанѓанецот забележа 15 Победи од можни 18, а последната во Остин беше во многу блиска борба со Луис Хамилтон (дисквалификуван по трката поради нелегален болид), а токму Британецот тоа го гледа како неповолно за врвниот мото шампионат.
Така, седумкратниот шампион бара од ФИА да донесе "точни одлуки" во врска со оваа околност, иако Федерацијата одговори со тврдење дека "не е во ред да се казнува успехот."
На четири трки до крајот на сезоната 2023, Макс Ферстапен и Ред Бул веќе се шампиони, едната титула обезбедена од Јапонија, а другата од Катар. Единствено Карлос Саинц Јр. со Ферари на Големата Награда на Сингапур, ја прекина победничката серија на Австријците.
Луис Хамилтон предложи ФИА да донесе одлуки во врска со ова прашање. Возачот на Мерцедес АМГ уверува дека доминацијата на трикратниот шампион го намалува бројот на фановите, па чувствува дека мора да се направи нешто за да има поблиски битки од почеток до крај.
"Мислам дека, во рамките на нашиот спорт, треба да продолжиме да работиме за да обезбедиме блиски трки, бидејќи веќе видовме дека социјалниот "ангажман" е енормно намален оваа година."
"Очигледно е дека за ова големо влијание има недостатокот на конкуренција. Луѓето сакаат да гледаат блиска борба. Затоа, мораме да се погрижиме да ги носиме правилните одлуки и раководното тело да ги носи правилните одлуки, да останеме блиски и во голема битка до крајот. Ни требаат повеќе трибини. Не знам дали треба и да ги намалиме цените на билетите, но можеби."
Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем, одговори на изјавите на Хамилтон, потсетувајќи дека периоди на доминација како оваа на Ферстапен во последните две сезони не се ништо ново и се доживеани од самиот Луис и Мерцедес АМГ во многу поголем период.
"Малку е сурово и не е правилно да се казнува успехот . Мислам, отворен сум за предлози доколку возачите мислат дека постои начин се да се биде фер и демократски, но не да се казнува Макс и неговиот тим или кој било друг. Нема начин ФИА да го казни успехот... а доминацијата на возач се случи двапати во мое време."
На сите ни е јасно дека доминацијата на еден тим/возач не придонесува за адреналински трки, фановите се намалуваат, но можеби и не, едно е да се откажат целосно од Ф1, друго е да не се заинтересирани да гледаат трки и коментираат по социјалните мрежи кога нема ништо интересно.
Но, Хамилтон не е баш тој што треба да ги кажува овие работи, бидејќи тоа што го прави Макс, тој го правеше многу повеќе сезони по ред. Изгледа брзо заборави на тоа. Дрскост, цинизам и егоцентризмот на највисоко ниво, но Абу Даби 2021 се уште боли, многу боли и само осма титула би го тргнала од очајот во кој се наоѓа.
Не му е прв пат да ги кажува овие работи, но кога беше тој што победуваше без да се испоти, не можевме глас да му слушнеме на оваа тема. Колку е убаво кога доминирам, се е во ред и тоа е поради тоа колку сум добар. А кога други доминираат мора да се направи нешто, бидејќи тоа не е фер.
ХАМИЛТОН БАРА ФИА ДА ДОНЕСЕ ПРАВИЛНИ ОДЛУКИ
10/26/2023 10:08:00 PM
0
Share to other apps