Макс Ферстапен победи на трката за Големата Награда на Америка забележувајќи ја неговата 15-та Победа сезонава и 50-та во кариерата, но во оваа прилика мораше добро да се "испоти" во борбата со останатите возачи, особено Луис Хамилтон и Ландо Норис.
Луис Хамилтон заврши на второто место, повторувајќи го својот најдобар резултат во сезоната. Ландо Норис стигна до подиумот четврта трка по ред. Карлос Саинц Јр. го обезбеди вредното четврто место за Ферари, пред вториот болид на Ред Бул со Серџо Перез.
Следниот викенд борбата ќе продолжи со Големата Награда на Мексико Сити.
Макс стартуваше од шестата стартна позиција и настрада повеќе од очекуваното во сообраќајот, што им даде надеж на Ландо Норис и Луис Хамилтон.
Нерманините на патеката создаваа големи проблемни за возачите и тимовите, па тие беа принудени да ја подигнат висината на болидите повеќе од потребното ниво за добри перфоманси.
Како што се дозна по техничките инспекции на ФИА, по завршување на трката, тоа се покажа кобно за второто место на Луис Хамилтон и шестото на Чарлс Леклер. Двајцата се дисквалификувани од резултатите на Големата Награда на Америка.
По финишот болидите на Мерцедес АМГ и Ферари беа подложени на стандарден технички преглед, при што беше откриено дека мерните елементи на контролната "штица" под болидите на Хамилтон и Леклер не ги исполнуваат прописите.
„На болидите 16 и 44 беше извршен преглед на состојбата на долниот дел и истрошеноста на контролните елементи на подната штица."
"Се утврди дека одредени мерни елементи на истата не се во согласност со член 3.5.9 од Техничките прописи на Формула 1 за 2023 година. Информациите им се пренесени на стјуардите за нивно разгледување."
Техничката инспекција на ФИА секогаш прави случајни проверки после секоја трка, а по завршување на трката беа проверени 4 болиди, тие на Макс Ферстапен, Ландо Норис, Чарлс Леклер и Луис Хамилтон.
Болидите со број 16 и 44 не биле во согласност со член 3.5.9е од техничките прописи. Ова е сличен престап кога имавме случаи на дисквалификација на возачи поради недоволна количина на гориво во болидот за испитување по трката.
Претходно, може да се каже дека Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ стратегиски ја изгубија битката со Ред Бул, во моментите кога се двоумеа дали да ја комплетираат трката со едно или две застанувања во бокс.
Неколкуте круга двоумење, како и лошата реакција на механичарите при замената на пневматиците, беа доволни за Макс Ферстапен да направи доволна предност за конечна Победа од неполни 2 секунди.
Ландо Норис, избран за возач на денот, и покрај стартот од првиот ред не можеше да се надева на првата победа во Формула 1, иако темпото на Мекларен беше тука некаде, но абењето на гумите е поголемо во однос на Мерцедес АМГ, а особено Ред Бул.
Карлос Саинц Јр. на четврто место, пред Серџо Перез и Чарлс Леклер, при што стратегистите на Ферари, по кој знае кој пат ја утнаа стратегијата со Моначанецот.
Џорџ Расел беше седми, пред Пјер Гасли и Ленс Строл. Добар настап на Канаѓанецот по стартот од пит-линијата, а Јуки Цунода го комплетираше поредокот кој носи поени, воедно забележувајќи го најбрзиот круг на трката, а со тоа и дополнителен еден поен.
Фернандо Алонсо, исто како и неговиот тимски колега, стартуваше од пит-линијата, го бркаше Пјер Гасли за осмото место, но мораше да се повлече од трката поради дефект на неговиот болид со само неколку круга до крајот на трката.
МАКС ФЕРСТАПЕН СО ЈУБИЛЕЈНА 50-ТА Ф1 ПОБЕДА
10/22/2023 08:21:00 PM
0
Share to other apps