Макс Ферстапен победи на Големата Награда на Мексико Сити забележувајќи ја неговата 51-ва Победа во кариерата и 16-та во ова сезона.
Луис Хамилтон заврши на второто место, повторувајќи го својот најдобар резултат сезонава и намалувајќи ја разликата во однос на Перез во борбата за второто место во шампионатот на возачи.
Чарлс Леклер заврши како трет, стигнувајќи на подиумот по четврти пат оваа сезона.
Следната недела борбата ќе продолжи во Бразил.
Холанѓанецот со мајсторски старт го презеде водството во првиот свиок, во кој Чарлс Леклер не можеше да парира по старт од Пол позицијата, додека нестрпливиот Серџо Перез мораше да се откаже од трката по контактот со Моначанецот.
Гледавме досадна трка, барем што се однесува до борбата за победа. Ферстапен по преземање на водството од П3, со поразително темпо за конкуренцијата, никогаш не го испушти.
Тој беше сигурен и на рестартот на трката по црвеното знаме, поради негодното излетување на Кевин Магнусен, кој поради дефект на задната амортизација на болидот на Хас, заврши во бариерите покрај патеката.
Но, покрај 51-та Победа на Ферстапен, со која се изедначува со Алан Прост, и неговата шеснаесетта во сезоната, борбата за останатите места на подиумот имаше повеќе интрига.
Ферарите беа во добра позиција на почетокот на трката, но црвеното знаме и добрата одлука на стратегистите на Мерцедес АМГ да преминат на жолтите гуми, му овозможи на Луис Хамилтон да стигне до второто место, пред Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр..
Ландо Норис направи спектакуларен кам-бек финиширајќи на петто место по стартот од П17. Џорџ Расел и Даниел Рикиардо имаа битка со самиот финиш за 6-то место.
Оскар Пјастри имаше кошкање со Јуки Цунода. Јапонецот пропушти да обезбеди плус поени за АлфаТаури во преземањето на 8-то во шампионатот на конструктори, додека Австралиецот мораше да се задоволи со 8-то место пред Алекс Албон и Естебан Окон кој го комплетираше пласманот на освојувачи на поени.
МАКС СО НОВ РЕКОРД, 16 ПОБЕДИ ВО ЕДНА Ф1 СЕЗОНА
10/29/2023 08:36:00 PM
0
Share to other apps