Тимот на Хас Ф1, по втор пат оваа сезона, се враќа на домашен терен за Големата Награда на Соединетите Држави на патеката на Америка.
Ви го претставивме новиот имиџ со кој, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен, ќе настапат на COTA, па сега на ред е ажурираниот VF-23. Долгоочекуваниот пакет на надградби, целосно посветен на аеродинамиката на болидот, ќе биде претставен овој викенд во Остин.
Скоро целата каросерија е ревидирана, вклучувајќи го подот, капакот над погонската единица, страничните отвори за ладење, итн... Целта на надградбата е да се подобрат аеродинамичките карактеристики на болидот како целина.
Најважно, пакетот со најновите надградби ќе обезбеди вредни податоци врз кои ќе се темели целокупната насока на развој на тимот во 2024 година, третата година од тековните прописи и правила.
Естетиката на VF-23 ќе изгледа малку поинаку и овој викенд со специјално издание на обојување наречено "Ѕвезди и ленти (Stars and Stripes)" вклучувајќи го тагот за овој викенд #WeThePeople, воведниот дел на Уставот на САД.
Покрај ова, MoneyGram ќе прослави една година од објавувањето дека ќе стане главен спонзор на тимот со дополнителен "шмек" на обојувањето на болидот што ќе биде откриенo во четврток на 19 октомври.
Ќе има и дополнителна ѕвезда на болидот со светло жолтата ѕвезда на Детската фондација Starlight што ќе го краси задното крило на двата болиди, а тимот продолжува со своите активности со добротворната организација формирана со мисија да испорача среќа на тешко болните деца и нивните семејства.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.