18-годишната Филипинка Бјанка Бустаманте се приклучи на младинската програма на Мекларен и следната сезона ќе го претставува тимот во женскиот шампионат Ф1 Академија.
Бјанка е првата девојка во програмата на Мекларен. Таа се трка од петгодишна возраст, ги освоила азиските шампионати во картинг повеќе од еднаш, се натпреваруваше во шампионатот на Формула Ж, кој банкротираше, потоа Формула 4 и е победник на две трки од тековниот 2023 шампионат на Ф1 Академијата.
"Не можам да поверувам дека потпишав со Мекларен и АРТ ГП, нешто што не можев ни да сонувам дека ќе го постигнав за време на картинг натпреварите во Филипини."
"Сè уште имам големи емоции кога ќе го погледнам моето име покрај логото на историскиот тим на Мекларен. Многу сум благодарна за оваа можност и верувам дека ја добив најдобрата програма за развој."
"Мојата цел за 2024 година е да постигнам стабилност и да ги подобрам моите ментални квалитети со цел да ја предизвикам титулата во претстојната сезона на Ф1 Академијата."
Женскиот шампионат Ф1 Академија го потврди календарот за 2024 сезоната.
Се состои од 7 викенди со по три трки, и сите тие ќе бидат на патеки каде ќе се одржуваат Големите Награди во Формула 1.
Стефано Доменикали, шеф на Формула 1: "Фантастично е што ќе се одржат седум рунди од следната сезона со Ф1 Академијата. Во комбинација со поддршката од сите десет тимови, ова ќе го однесе шампионатот на следното ниво."
7-9 Mарт, Саудиска Арабија, Џеда;
3-5 Мај, САД, Мајами;
21-23 Јуни, Шпанија, Барселона;
23-25 Август, Холандија, Зандворт;
20-22 Септември, Сингапур, Марина Беј;
29 ноември - 1 декември, Катар, Лусаил.
ПОВРЗАНИ ЛИНКОВИ:
ФОРМУЛА 1 ТИМОВИТЕ ЌЕ ИМААТ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ВО ЖЕНСКАТА Ф1 АКАДЕМИЈА
СТАРТУВАШЕ НОВ ЦЕЛОСНО ЖЕНСКИ ТРКАЧКИ ШАМПИОНАТ
БЈАНКА БУСТАМАНТЕ ПОТПИША ДОГОВОР СО МЕКЛАРЕН
10/18/2023 09:40:00 PM
0
Share to other apps