Мекларен и Мерцедес-Бенц најавија продолжување на договорот за набавка на погонски единици за периодот од 2026 до 2030 година. Британскиот тим стана првиот клиент на Мерцедес кој ќе ги користи нивните мотори, изградени според новите технички прописи, на еднаква основа со фабричкиот тим.
Моторите на Мерцедес првпат се појавија во болидите на Мекларен во 1995 година. Тимот ги користеше моторите на германскиот производител до 2014 година, а потоа ја продолжи соработката во 2021 година.
Тото Волф, шеф на Мерцедес-Бенц Мотоспорт: "Соработката со силни тимови на клиенти е камен-темелник на нашата стратегија за мотоспорт. Ова има многу предности: конкуренцијата ја поставува границата кон целта, го забрзува техничкото учење и генерално го зајакнува Формула 1 бизнисот на Мерцедес-Бенц."
"Мекларен се наши силни и фер конкуренти од 2021 година, особено во втората половина од оваа сезона. Силните перформанси на Мекларен ја нагласуваат важноста од транспарентна и еднаква поддршка за сите тимови на клиенти во Формула 1, доколку сакаме да ја постигнеме целта да видиме дека сите 10 тима се борат за подиумот."
МЕКЛАРЕН И МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ ЗАЕДНО ВО НОВАТА Ф1 ЕРА
11/24/2023 10:59:00 AM
0
Share to other apps